Новиот сопственик на „Твитер“, Илон Маск, најави нови промени за корисниците на оваа социјална мрежа.
– Твитер наскоро ќе додаде можност за додавање подолг текст на твитовите, ставајќи крај на апсурдноста на снимките од екранот – рече тој.
Ова е втора промена објавена откако „Твитер“ неодамна соопшти дека ќе им наплаќа по осум долари месечно на корисниците што сакаат да имаат сина ознака до нивното име, што означува верификација на нивната сметка.
Сината ознака до корисничкото име, која обично ја добиваат личности од висок профил, моментално е бесплатна. Критичарите веруваат дека воведувањето такса може да го отежне идентификувањето на сигурните извори.