Aмериканската компанија „Спејс икс“ успешно ја лансира ракетата „Фалкон 9“ со нова рунда микросателити „Старлинк“, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата.
Лансирањето во петокот, од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи во 14.40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити.
По етапата во која сателитите ќе се одвојат од „Фалкон 9“, леталото ќе се врати на Земјата, а првата фаза од ракетата веќе е искористена во девет лансирања.
Мрежата „Старлинк“ е создадена за да обезбеди пристап до Интернет со распоредување голем број сателити, со тежина од 260 килограми.
„Спејс икс“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето вкупно 11.000 сателити и нивното пуштање во употреба ќе чинат 10 милијарди долари.
Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити „Старлинк“ во орбитата, објави ТАСС.