Прогласена за најпопуларен бренд за 2022 година, зад познатата „Баленсијага“, модната куќа од Фиренца, „Гучи“, е на врвот со својата екстравагантна мода, замислена од нејзиниот визионерски уметнички директор Алесандро Микеле. Лансирањето на најновиот модел на чанта ја поддржува оваа теза.
Презентирана за време на модната ревија во Лос Анџелес, „гучи аташе“ веќе ја има целата моќ на чанта. Обликот на полумесечина инспириран од модните додатоци на 1970-тите години, металик-затворач, две големини (мала и средна) и многу бои ја прават оваа неочанта предмет на желба. Суштината на овој модел е неговиот додаток, „куката“ што овозможува чантата да се трансформира во еден потег.
– Оваа чанта ме фасцинираше откако случајно ја видов во архивата. Веднаш сакав да ја реинтерпретирам и да ја вклучам во колекцијата „Парада на љубовта“ за ревијата во Лос Анџелес, бидејќи нејзината линија, типична за 1970-тите, зрачи со модерност што ме убеди да ја направам еклектичен симбол, кој може да има двојна функција. Нејзината механичка кука во форма на G ја означува алката што недостига помеѓу буржоаскиот дух, типичен за предмет од овој тип, и функционалноста на практичниот свет – вели Алесандро Микеле.