Германските научници имаат нова идеја за неограничен извор на енергија, што подразбира користење краткотрајни ласерски импулси.

Фузискиот реактор како неограничен извор на енергија, а притоа не е штетен за околината, е проект на кој се работи веќе 70 години. Идејата за енергија од морската вода на научниците им е мошне привлечна и затоа се обидуваат да ја отстранат главната пречка во тој процес, а тоа е температурата повисока од онаа во јадрото на Сонцето.

Директорот на германската стартап-компанија „Марвел фусион“, Мортиз фон дер Линден, кој се занимава со оваа тематика, вели дека постојните нуклеарни електроцентрали како гориво користат непостојани изотопи и ја искористуваат енергијата создадена со нивното распаѓање. Проблем е што нуспродукт на тој процес е радиоактивниот отпад.

Сепак, Германците сега работат на измена на процесот, за тој да биде целосно безбеден, а „Марвел фусион“, како што пишува „Кликс“, досега спровел детални компјутерски симулации и тестирање на ласерите, но сѐ уште нема функционален прототип на реакторот. Сепак, и она што го имаат беше доволно да привлечат инвестиции од неколку десетици милиони евра, а меѓу вложувачите се и компанијата „Сименс“ и францускиот конгломерат „Талес“.