Истражувањето за животните навики на шест лица што имале повеќе од 100 години довело до интересни заклучоци. Французинката Жан Луиз Калмент беше најстарата личност на светот – живееше 122 години. Таа во една пригода ги навела трите намирници што ги јадела секој ден.
Чоколадо: Жан јадела чоколадо по секој оброк. Иако некому може да му изгледа чудно, оваа намирница има голем број здравствени придобивки. Истражувањата покажаа дека чоколадото е корисно за срцето, дека помага во борбата против ракот и заразните болести што го нарушуваат имунолошкиот систем.
Маслиново масло: Американското здружение за срце наведува дека маслиновото масло содржи витамин Е и го намалува лошиот холестерол, меѓу другото. Затоа, ризикот од срцеви заболувања е помал. Резултатите од истражувањето покажаа дека консумирањето големи количества маслиново масло е поврзано со подолг живот. Лекарите препорачуваат да го користите наместо маргарин и мајонез.
Вино: Калмент изјавила дека особено сакала да пие „порто“, црвено вино произведено во Португалија. Многу луѓе го консумираат овој вид вино како дел од медитеранската исхрана, која е прогласена за најздрава. Секако, важно е да консумирате умерено количество, до една чаша дневно.