Астрономите од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) уловиле радиосигнал од галаксија оддалечена милијарди светлосни години од Земјата, кои се јавуваат во одреден ритам, како отчукувања на срце, објавија медиумите во САД. Научниците сѐ уште не успеале да ја одредат нивната точна локација.
Експертите веруваат дека нивниот извор може да бидат неутронските ѕвезди што настанале од јадрата на џиновските ѕвезди што претходно изгаснале.
Според истражувачите, сигналите се јавуваат постојано и траат до три секунди, додека повеќето радиобранови траат само неколку милисекунди.
– Нашиот тим откри таканаречени рафали на радиобранови што се повторуваат на секои 0,2 секунди во јасен периодичен образец, слично на отчукување на срцето, а траат речиси три секунди. Не само што се многу долги туку имаше периодични пикови што беа многу прецизни, емитувајќи го секое делче од секундата. Ова е првпат да примиме периодичен сигнал – вели Даниел Микили, истражува во МИТ.