Компанијата „Епл“ објави дека повеќе нема да го произведува и продава својот музички плеер ајпод тач, уред што направи револуција во слушањето музика.
Првиот ајпод се појави во 2001 година и можеше да складира илјада песни, а денес на стриминг-сервисот на „Епл“ има повеќе од 90 милиони песни.
Ајфон тач е дизајниран од истиот тим што подоцна го измисли ајфон, паметниот телефон што набрзо го засени музичкиот плеер. Компанијата последен пат го „освежи“ ајподот во 2019 година.

Имаше неколку модели на ајпод во последниве години, вклучувајќи ги и нано и шафл, но ајпод тач, кој се појави во 2007 година, е последниот што ќе биде испратен во „пензија“. „Епл“ ќе го продава сѐ додека се потрошат резервите.
Од компанијата тврдат дека ајпод го променил начинот на кој музиката се „открива, слуша и споделува“. Првиот модел беше претставен од поранешниот шеф на „Епл“, Стив Џобс, во 2001 година.