Со проекции на три краткометражни филмови од натпреварувачката програма и на француската комедија „Суперхерои“, во отворениот амфитеатар во Стар Дојран, и официјално се затвори првото издание на меѓународниот филмски фестивал на медитерански и европски филм „Преку езерото“. Членовите на меѓународното жири за краткометражни филмови: Ева Камчевска, сценаристка, Гоце Кралевски, продуцент, и Василис Мазоменос, режисер, во улога на претседател на жирито, му се заблагодаруваат на фестивалот за можноста да се погледнат извонредни балкански и медитерански филмови.

Жирито ги додели следните награди: посебно признание на тројца актери од хрватскиот филм „Марко“ – Мате Гулин, Снежана Синовчиќ и Феџа Стојановиќ.
Наградата за најдобро сценарио се доделува за грчкиот филм „Поглед од балконот“, напишано од Арис Капланидис и од Елиас Румелиотис. Овој оригинален анимиран филм зборува за обични луѓе од соседство во Атина, прикажувајќи ги реалистично, а не како карикатури. За брилијантната и модерна режија на многу тешка тема, без форсирање сентиментализам, жирито едногласно реши да ја додели наградата за најдобра режија и најдобар филм на истиот филм, „Што всушност ние не знаеме за Миријам“, на Морад Мостафа.
„Преку езерото“ е прв филмски фестивал од овој формат во Македонија и ќе се одржува традиционално секоја година во првиот дел од август.
Фестивалот е потпомогнат од Општина Дојран, а е во реализација на продукцијата „Синемон“.