Џеф Безос го загуби статусот на втор најбогат човек во светот и падна на третото место, додека индискиот бизнис-магнат Гаутам Адани забрзано се искачува на индексот на милијардери на „Блумберг“.
Ова е првпат човек од Азија да се рангира толку високо на листата на „Блумберг“. Во февруари оваа година, Адани го престигна индискиот моќник Мукеш Амбани и стана најбогатиот човек во Азија, пренесува „Си-ен-ен“.
Богатството на Адани од 146,9 милијарди долари, кое главно е поврзано со сопственоста на неговиот голем конгломерат „Адани Груп“, кој управува со низа бизниси, вклучувајќи и бизнис поврзан со пристаништа и јаглен. Акциите на некои од неговите компании скокнаа за повеќе од 1.000 отсто од јуни 2020 година. На Адани му требаа помалку од 10 месеци да го достигне второто место откако ја започна годината на 14-то место.
Нето-богатството на Безос падна на 145,8 милијарди долари. Основачот на „Амазон“ претходно беше на врвот на листата, но неговото богатство беше погодено од неговиот развод во 2019 година и падот на акциите на „Амазон“. Продажбата на технологијата ја намали нето-вредноста на Безос за 45 милијарди долари од јануари.
Илон Маск и понатаму е најбогат човек со 260 милијарди долари.