Способноста да се „дешифрира“ плачот на бебињата, односно да се препознае и разликува типот на плачењето на бебето, не претставува вродена вештина, туку способност што произлегува од искуството.
Група истражувачи покажаа дека способноста да се препознае видот на плачот и да се поврзе со одредена емоција кај бебето доаѓа преку стекнатото искуство, а не како вродена способност, што беше прифатено објаснување досега.
– Откривме дека возрасните можат да ги препознаат сигналите за болка наспроти благите непријатности во плачот на бебињата, но оваа способност бара претходно искуство – вели Сило Корвин.
Интересно е тоа што оваа студија покажа дека препознавањето на видот на плачот не е поврзано само со бебињата чии родители биле учесници, туку дека родителите можеле да го препознаат и разберат плачот на бебињата што претходно никогаш не ги сретнале. Луѓето што немале искуство со бебиња не можеле да го препознаат ова, а студијата опфатила 200 учесници што биле на различни нивоа на искуство во грижата за деца.
На испитаниците им биле дадени осум снимки од плачење на различни бебиња, па тие имале задача да ги слушаат овие снимки во текот на два дена. По периодот на слушање, тие беа тестирани за нивното препознавање различни видови бебешки плач, по што тие го разликувале плачот на болка предизвикан од вакцинација од плачот на непријатност снимен за време на капење.
Резултатите од експериментот покажале дека способноста за „дешифрирање“ зависи од постојаното искуство на личноста со бебињата, а не само од слушањето во претходните денови.
Додека неискусните испитаници не поминаа ништо подобро од погодување, родителите и педијатриските експерти што често комуницираат со бебиња успеаја во 70 проценти од времето.
Оваа студија е дел од поширока истражувачка програма што проучува како информациите се кодираат и соопштуваат во плачот на бебињата.
– Бебињата треба да ја изразат својата болка или непријатност преку плачење и гласови. Постојат и други начини да препознаете дали бебето има болка, како што се изразите на лицето или држењето на телото, но плачењето може да ни даде дополнителни информации за тоа како се чувствува бебето – вели д-р Корвин.