Дали знаете за што служел порано малиот џеб на фармерките?

202

Дали некогаш сте се запрашале која е целта на малиот џеб на фармерките? Излегува дека тој имал неколку различни употреби низ историјата. Компанијата „Левис“ првпат го додаде малиот џеб на фармерките уште во 1873 година. Меѓутоа, овој тип фармерки, кои го добиле името „лот 501“, беа пуштени во продажба дури во 1890 година.
Историчарката Трејси Панек за „Инсајдер“ вели дека малиот џеб е направен за џебни часовници, кои биле особено популарни во тоа време. На овој начин, каубоите спречувале часовниците да им паднат од панталоните додека јавале коњи и работеле други тешки работи на ранчот. Се разбира, речиси никој повеќе не носи вакви часовници, но „Левис“ одлучи да го задржи малиот џеб за да го задржи оригиналниот изглед на фармерките „лот 501“. Нивниот дизајн не е многу променет од 19 век.
– Исклучок беше кога извадија некои од малите метални делови за време на Втората светска војна бидејќи сакаа да го зачуваат металот за воени цели. Меѓутоа, подоцна почнаа да ги додаваат на фармерките – вели Трејси.
Други модни брендови се потпираа на „Левис“ и почнаа да ставаат мали џебови на нивните модели на панталони.