Често слушаме дека некој е утринска личност, што значи дека е ранобудник и најудобно се чувствува на почетокот на денот. Наспроти нив се т.н. ноќни птици, кои се чувствуваат поудобно навечер и се најпродуктивни во тоа време. Овие луѓе имаат тенденција да легнуваат и да се будат подоцна, доколку наутро немаат никакви обврски. Но се поставува прашањето што вели ритамот на спиење за едната и за другата група луѓе. На оваа тема се направени многу студии, а во продолжение ќе ви ги откриеме најважните сознанија до кои дошле истражувачите.

Ноќните луѓе се попаметни од утринските

Според една студија од 1999 година на „Робертс и Килонен“, ноќните луѓе се поинтелигентни и имаат побрза способност за обработка на информации и подобра меморија.
Друга студија (Бегли од 2022 г.) покажа дека и наутро и навечер луѓето се продуктивни кога се будат во согласност со нивниот ритам на спиење (така што утринските луѓе порано, а ноќните подоцна), но продуктивноста на утринските луѓе значително опаѓа по 10,5 часа будност, додека кај ноќните луѓе останува стабилна до доцните часови.

Утринските луѓе се посреќни од ноќните

Истражувањата покажаа дека луѓето што се будат рано наутро се позадоволни од својот живот од оние што стануваат од кревет подоцна. За тоа придонесува и фактот што таквите луѓе добиваат подобра поддршка од околината, бидејќи подобро се интегрираат во општеството, кое е најактивно во текот на денот.
На работното место, утринските луѓе се продуктивни од самиот почеток и лесно го поднесуваат стандардното работно време, поради што имаат поголеми шанси да напредуваат на работа во споредба со „ноќните птици“.

Ноќните луѓе се покреативни од утринските

И ноќните и утринските луѓе доживуваат изливи на креативност во текот на денот, но студиите покажуваат дека тие се поинтензивни кај ноќните луѓе. Причината за ова би можело да биде тоа што луѓето наутро живеат во нормална социјална рутина, додека ноќните луѓе морале да научат да бидат креативни уште на рана возраст за да се приспособат на нивниот различен ритам и начин на живот.
На пример, една студија (Ванг енд Черн, 2008) покажа дека повеќе од половина од тајванските студенти по уметност се чувствуваат покреативно по 22 часот. Креативноста најдобро се изразува кога умот има слободен начин да талка, а ноќните луѓе можат да го искористат тоа во тивка вечерна атмосфера, без врева и одвлекување на вниманието.