Штотуку ја заменивме летната гардероба со есенска и се подготвуваме за потопли и подебели модели на облека, креаторите низ светот веќе го промовираат она што ќе се носи во пролетта 2023 година. Пет клучни трендови се истакнаа на модната недела во Лондон, а повеќето ревии започнаа со модели во црно, поради неодамнешната смрт на англиската кралица Елизабета Втора.
Розова боја: Розовата боја беше целосен тренд некое време, а сега се враќа на голема врата.
Сјајни детали: Заводливиот сјај на светките е она што ќе можете да го носите и во секојдневната облека од пролет. Изберете ги во комбинација со мат-парчиња облека, а избегнувајте да ги комбинирате, да речеме, со сатен.
Цветни дезени: Како што налага традицијата, секоја пролет ја дочекуваме со цветни дезени, но дизајнерите препорачуваат што повеќе различни цвеќиња во вашите модни изданија. Мали, големи, комбинирани – сите цвеќиња доаѓаат предвид.
Заборавена естетика: На модната сцена ретрото често се појавува во фази, а сега повторно на сцена се 2000-тите години и модата што беше карактеристична за тој период. Нискиот струк и избледениот тексас, како и мини-здолништата се она што ќе биде во тренд на улиците следната пролет. Во мода се враќаат и балетанките, како и необичните принтови на маиците, делфини, лебеди и птици, пишува британски „Метро“.