Списанието „Џи-кју“ објави листа на познати личности со најдобар стил, а на самиот врв се најде Бела Хадид. Оваа позната манекенка, која беше прогласена и за најубава во 2019 година, сега доби награда што сигурно ќе ѝ ласка.
Жирито ја прогласи за победничка познатата манекенка со објаснување дека одлично знае да комбинира различни модни стилови, па дури и машка облека.
– Малку луѓе можат да носат сѐ, и тоа успешно, а меѓу нив е и Бела Хадид. Едноставно, убаво ѝ стојат стилизирани кроеви, спортска облека, машки парчиња, а и никогаш нема дилема дека нема да може да ѝ претстави нешто на публиката – наведуваат од списанието.
Супермоделката неодамна имаше импресивен „настап“ на модна ревија во Париз, кога се појави по гаќички, а дизајнерите пред публиката создадоа уникатен бел фустан од брендот „Копернија“, со помош на спреј врз телото на моделката.