Луксузниот моден бренд „Баленсијага“ продолжува да изненадува со новитетите. А по искинатите патики, сега продава вреќи за ѓубре за вртоглава цена.
На дизајнерката Демни Гвасалија не ѝ е непозната бизарноста, па оваа вреќа не е исклучок. Вреќата првпат беше претставена на модната ревија на „Баленсијага“ за зимата 2022 година, која се одржа во изложбениот центар „Париз Ле Бурже“.
Кога креативниот директор на брендот ја претстави својата колекција есен/зима 2022 година на снежна писта, моделите чекореа носејќи предмети во пластични ќесиња за отпадоци.
Ќесето за ѓубре доби многу позитивни и негативни коментари, но, секако, привлече внимание на ревијата посветена на климатската криза и војната во Украина. Вреќата за отпадоци наскоро ќе биде достапна за купување за околу 1.790 долари.
Производот е наречен треш пауч, а е инспириран од обична вреќа за отпадоци и доаѓа во три бои: црна, сина и бела. Вреќите имаат и врвки – црните и сините ќесиња имаат црна врвца, додека белото има црвена.