Сакате да изгубите тежина, но не знаете како точно да ја постигнете оваа цел? За почеток, ве советуваме да престанете да верувате во следните митови за слабеење.

Сите масти се лоши
Вистина е дека мастите се покалорични од протеините и јаглехидратите, но тоа не значи дека треба да ја избегнувате секоја масна храна. Сосема спротивното, здравите масти се неопходни за правилно функционирање на организмот, а ги има во јаткастите плодови, лососот, авокадото, семките и маслиновото масло. Важно е само да бидете умерени во внесувањето масти.

Треба да се избегнуваат јаглехидратите
Често мислиме дека ќе се здебелиме кога јадеме тестенини, леб, шеќер… Меѓутоа, јаглехидратите сами по себе не се проблематични ако се консумираат умерено. Честопати поголем проблем е тоа што ќе го намачкате на лебот отколку самиот леб, истото важи и за тестенините – сосот често е покалоричен од самите тестенини. Дури и слатката храна (бисквити, чоколадо, колачи) често е богата со масти и на тој начин придонесува за поголемо внесување калории, но самите јаглехидрати немаат повеќе калории од другите хранливи материи.

Вежбањето е најважното нешто за слабеење
Точно е дека вежбањето е важно и за слабеење, но поважна е правилната исхрана. Впрочем, внесувањето калории е тоа што „одредува“ дали ќе ослабете или не. За најдобри резултати од вашата исхрана, исто така е важно да му ги обезбедите на вашето тело сите потребни хранливи материи.

Гладувањето е единствениот начин за вита линија
Само затоа што сте гладни не значи дека слабеете. Изгладнувањето може да донесе моментални резултати, но долгорочно има исклучително лоши последици за организмот – меѓу другото, може да доведе до побрзо зголемување на телесната тежина во иднина. Доколку сакате да ослабете на здрав и долгорочен начин, внимавајте да не јадете премалку храна дневно, туку концентрирајте се на изборот на здрава и нискокалорична храна што ќе ве направи сити.