Фото: Принтскрин

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер денеска се заложи за проширена поддршка на Украина до постигнување прекин на огнот и нагласи дека го поддржува влезот на таа држава во НАТО.

– Пред оваа војна бев против Украина да стане членка на НАТО затоа што се плашев дека тоа ќе го предизвика токму процесот што го гледаме сега. Но, сега кога процесот го достигна ова ниво, неутрална Украина повеќе нема да има смисла во тие услови –  рече 99-годишниот Кисинџер во видео обраќањето пред Светскиот економски форум во Давос.

Тој додаде дека влезот на Украина во НАТО ќе биде соодветно прашање откако ќе се реши конфликтот.

Кисинџер, сепак, повика да се направи се за да се избегне претворање на војната во војна против Русија и да се обиде да се одржи дијалог со Русија за да и се даде „можност да се врати во меѓународниот систем“ откако ќе се склучи мир.