Лековитите својства на бадемот

Врз основа на повеќе истражувања е востановено дека Ескимите, припадниците на племето Хунза, како и припадници на некои изолирани заедници во светот што консумираат храна богата со витамин Б17 никогаш не заболуваат од рак.
Витаминот Б17 (лаетрил, амигдалин) е природна состојка што се наоѓа во многу продукти. Амигдалинот првпат е откриен во 1830 година во горчливиот бадем. Ернст Т. Кребс Помладиот (1912-1996) бил хемичар што прв го промовирал амигдалинот како лек против ракот во почетокот на 1950 година.

Оспорена лековитост

Бадемот отсекогаш бил многу ценет поради своите големи благодати по здравјето, затоа неговото одгледување се проширило и по Средоземјето. Во 18 век, шпанските мисионери го донеле во Калифорнија, која во меѓувреме станала една од најголемите производители на бадем во светот. Постојат два вида бадема: сладок бадем – тоа е оној што речиси секојдневно го консумираме, и горчлив, кој по изгледот е нешто малку поширок и пократок од слаткиот, но е горчлив и затоа не се јаде. Меѓутоа горчливиот бадем е одличен извор на витаминот Б17. Кон средината на минатото столетие, американскиот биохемичар Ернст Т. Кребс издвои хемиска супстанција за која се покажа дека може да ја уништи ќелијата на ракот. Станува збор за витаминот Б17, кој се нарекува амигдалин или лаетрил. Иако Кребс низ своите истражувања успеал да ја докаже ефикасноста на лаетрилот, целиот концепт на лекување на ракот со помош на некаква витаминска подготовка, некои го третираат како неточен. Според вообичаениот образец, набрзо е почната масовна кампања против тој евтин и лесно достапен лек, втемелена на тврдењето дека витаминот Б17 е исклучително опасен бидејќи содржи цијанид.
Притоа, некако заборавиле да споменат дека храната што секојдневно ја консумираме исто така содржи многубројни природни отрови, па сѐ уште сме живи и здрави, благодарение на голиот факт дека количеството токсини што ги внесуваме во организмот не се штетни за здравјето. Забраните и застрашувањата врзани со употребата на витаминот Б17 и не се за чудење, имајќи предвид колку луѓе добро живеат врз основа на приходите од производството и продажбата на фармацевтски лекови за рак.
За среќа, меѓу лекарите сѐ уште има ентузијасти што во текот на изминатите години во практиката успеаја да го потврдат Кребсовиот концепт и така да излекуваат многу заболени од оваа болест.

Како влијае витаминот Б17 на канцерогените клетки?

Принципот на дејствување е едноставен: канцерогените клетки за својот раст имаат потреба од огромни количества енергија, односно од гликоза – шеќер. Кога го внесувате витаминот Б17 во организмот, клетките на ракот ги апсорбираат молекулите на гликоза од витаминот Б17, а со ензимот бета-глукозидаз ги отклучуваат бензалдехидот и цијанидот од витаминот Б17, предизвикувајќи сопствена смрт! Благодарение на големата концентрација на ензимот бета-глукозидаз, витаминот Б17 е изразито смртоносен за канцерогените клетки, додека за другите здрави клетки не е токсичен. Принципот на работата на витаминот Б17 потсетува на тројанскиот коњ: канцерогените клетки се полакомуваат за гликозата, а кога ја апсорбираат стануваат терминирани.

Употреба на витаминот Б17

За превентива, доволно е редовно да се консумира храна богата со витамини Б17. На пример, ако изедете дневно три јаболка сосе семките, ќе го снабдите организмот со доволно количество Б17 за дневна потреба. Што се однесува до семките од кајсии, здравиот разум налага дека одеднаш не се јадат повеќе од што би изеле свежи кајсии во текот на денот. Од Кребсовото откритие во 1952 година до денес се бележат над илјада излекувања на малигни болести во терминална фаза, со помош на лаетрил. Повеќето од нив се опишани во триесетина публикувани трудови потпишани од угледни лекари. Во терапевтски цели, лаетрилот може да се внесе во организмот со консумирање семки или масло од кајсија, или преку таблети и инјекции со лаетрил. Впрочем, Б17 навистина би можеле да го наречеме витаминска бомба што има способност да ги уништи канцерогените ќелии, но не смееме да испуштиме од вид дека терапијата со тој витамин сама по себе нема да го излекува болниот од рак. Често здравствените проблеми нѐ тераат во потрага за природни решенија. И така, на сопствено чудење често откриваме дека најдобрите решенија по правило се наједноставните! Бадемите се корисни и здрави и содржат голем дел од дневно препорачаните количества витамини, минерали, влакна и аминокиселини. Сто грама бадеми содржат 22 грама јаглеродни хидрати, од кои 12 грама диетални влакна, што е 49 отсто од потребните влакна дневно. Во 100 грама бадеми има 21 грам белковини, што е 42 отсто од дневно препорачаните количества за возрасно лице. Во 100 грама бадеми има: 140 отсто од препорачаните дневни количества манган, 75 отсто магнезиум, 60 отсто бакар, 50 отсто фосфор, 130 отсто витамин Е, 51 отсто рибофлавин (Б2).
Превенција од срцев удар – бадемите се богати со мононезаситени масни киселини. Тоа се тип киселини што ги има во маслиновото масло и кои се важни во превенција од срцев удар. Повеќе студии утврдиле дека секојдневното консумирање бадеми го намалува ризикот од срцев удар од 30 до 45 отсто. Исто така, докажано е дека наведената комбинација масни киселини, витамини и минерали во бадемите помага во намалувањето на лошите ЛДЛ-маснотии од 8 до 12 проценти.

Контрола на шеќерот во крвта

Неколку истражувања се направени со цел да се утврди влијанието на бадемите врз нивото на шеќерот во крвта. Истражувањата покажаа дека консумирањето од 60 до 90 грама бадеми дневно заедно со храна со висок гликемиски индекс ги намалува гликемискиот индекс на оброкот и нивото на шеќерот во крвта.
Антиоксидансите во бадемот – денешниот нездрав начин на живот создава слободни радикали во организмот. Во последно време тие се препознаени како причинител на сѐ повеќе болести, па и оние најтешките – малигните болести. За да ги намалите количеството на слободните радикали и штетата што тие ја нанесуваат, потребни ни се антиоксиданси. Витаминот Е е еден од антиоксидансите што ќе ви помогнат во тоа. Сто грама бадеми донесуваат дури 131 отсто од дневните потреби од витаминот Е.

К.С.А.