„Политико“: Европските „суверенисти“ поделени околу потезите на Трамп
Десничарските „суверенистички“ партии во Европа се поделени околу прашањето како да одговорат на акцијата на американскиот претседател Доналд Трамп во Венецуела и неговите закани за преземање контрола врз Гренланд, при што некои молчат, други го поддржуваат, а има и такви кои го осудија - оценува бриселскиот портал „Политико“.
Според лидерот на романската екстремно десничарската Алијанса за унија на Романците (АУР),...
И во Светиот Дух, Господ, кој живот твори, кој исходи од Отецот, кому заедно со Отецот и Синот Му се поклонуваме и Го славиме и кој говорел преку пророците
Ние како луѓе сме емотивни битија, па затоа понекогаш, водени од нашите внатрешни огнови и пориви, честопати знаеме да западнеме во гревови и заблуди што скапо нè чинат и нас, но и нашата непосредна околина. Бидејќи сме такви по природа, ние сме лесно ранливи и подложни на разни манипулации што имаат цел да нè одведат до дното и неговата...
Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија
Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени денеска го погоди западниот јапонски регион Чугоку, по што следеа серија силни потреси - соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Епицентарот на првиот земјотрес бил во источната префектура Шимане - објави агенцијата, додавајќи дека нема опасност од цунами.
„Чугоку Електрик Пауер“, која управува со нуклеарната централа Шимане, оддалечена околу 32 километри - соопшти дека работењето на нејзината...
Симболиката на храната што носи благосостојба
Што треба да има на трпезата за Бадник?
Трпезата за Божиќ е посна, но богата со традиционални јадења што носат длабока симболика. На трпезата мора да има леб, лук, риба, грав, посни пити, суво овошје и мед. Секое јадење има свое значење - носи благосостојба, мир, здравје и хармонија во домот.
Бадник е претходница на Божиќ и еден од најпосебните денови...
Пред Соборниот храм во Скопје традиционална прослава на Бадник
Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.
Одбележувањето на Бадник во Скопје ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.
Според најавите од организаторите, како и минатата година, делењето бадникови гранчиња ќе се одвива во дворот на Храмот од...
Штип УГД на Бадник во Милано го игра реваншот од Челинџ купот
Последниот македонски претставник на европската сцена во сезоната 2025/2026, вице-шампионот Штип УГД, денеска попладне (17:30 часот) во „Центро Павеси“ во Милано, го игра реваншот со Алијанц Милано, во рамките од 1/16 финалето од Челинџ купот.
Штип УГД на првиот меч во Радовиш пред неполн месец загуби во три сета од фаворизираниот италијански противник, а на ова гостување ќе биде без...
Трамп ги предупреди Гренланд, Колумбија, Мексико, Куба и Иран
По апсењето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро од страна на американските сили, претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата администрација упатија предупредувања до други држави – Колумбија, Куба, Мексико, Иран и кон самоуправната територија на Данска, Гренланд.
- Нашата работа е да имаме земји околу нас кои се одржливи и просперитетни и каде што нафтата може слободно да тече....
Мадуро пред судот во Њујорк: Јас сум киднапиран и сè уште сум претседател на Венецуела
Соборениот претседател на Венецуела Николас Мадуро денеска за првпат се појави пред федералниот суд во Њујорк, каде што изјави дека бил „киднапиран“ од својот дом во Каракас и порача дека сè уште ја извршува претседателската функција.
Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, се изјаснија за невини по обвиненијата за трговија со дрога и оружје. За време на краткото појавување пред...
Димитриеска-Кочоска задоволна од наплатата на даноците, послаба е кај неданочните приходи и акцизите
Министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска е задоволна генерално од реализацијата на приходната страна, особено во делот на даноците каде реализацијата е 97 проценти, а послаба е наплатата во делот на акцизите.
- Потфрлено е во делот на неданочните приходи - тоа се сопствените приходи на институциите. Тоа значи дека самите газди не си ги собраа приходите, а тоа...
Бериша најави формирање широк фронт против „нарко режимот на Еди Рама“
Лидерот на опозициската Демократска партија (ДП), Сали Бериша, најави формирање „широк фронт против нарко режимот на Еди Рама“.
Тој додаде дека опозицијата в петок ги повикува на состанок сите политички сили и влијателни фактори во албанското општество за да се „создаде широк фронт против нарко режимот на Еди Рама и да се преземат сите движења, протести, демонстрации, бунтови потребни за...







































