Трошоците на живот на годишно ниво зголемени за 4,1 процент, а цените на мало за 3,6
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, изнесуваше 0,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Индексот на трошоците на животот во 2025 година, во однос на 2024 година, бележи пораст од 4,1 процент, а индексот на цените на мало од 3,6 проценти.
Движењето на индексот на трошоците на животот...
Регистрирани 1.725 случаи на заболени од грип, соопшти Андоновска
Регистрирани се 1.725 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип во периодот од 29 декември и 4 јануари, што е за 2,2 пати повеќе споредено со претходната недела кога бројот на пријавени лица бил 771. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со истата недела минатата сезона кога бројот бил 331, е зголемен за 5,2 пати,...
Во првите десет месеци лани увезени 566,6 тони кафе, најмногу од Бразил, Италија и Косово
Во првите 10 месеци лани во земјава биле увезени 566,6 тони кафе, во вкупна вредност од 2,46 милијарди денари, односно околу 40 милиони евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според податоците од Државниот завод за статистика во земјава најмногу кафе - печено или непечено или без кофеин; лушпи и ципи од кафе и замени за кафе што содржат...
Трамп одобрил царини од 500 проценти за земјите што купуваат евтини енергенси од Русија, објави Фокс њуз
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобрил предлог законот за санкции против Русија, што вклучува царини од 500 проценти за увоз на стоки од земји што купуваат нафта, нафтени деривати или ураниум од Москва, и тој сега оди во натамошна постапка, соопшти американскиот сенатор Линдзи Греам, објави Фокс њуз, пренесува МИА.
Објавениот закон ќе му овозможи на претседателот Трамп да ги...
Велика Британија и Франција ќе испратат до 15.000 војници во Украина како помош, објави „Тајмс“
Велика Британија и Франција ќе испратат до 15.000 војници за да помогнат во заштитата на Украина во случај на мировен договор, многу помалку од очекуваното - објави „Тајмс“.
Началниците на британските воени сили наводно првично предложиле испраќање 10.000 војници како дел од пошироката „Коалиција на подготвените“ од 64.000 војници, но ова било оценето како неодржливо во Министерството за одбрана со...
Семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кран Монтана поднесоа кривична пријава
Семејствата на луѓето кои загинаа или беа повредени во пожарот што за време на новогодишната ноќ избувна во барот „Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана поднесоа кривична пријава до швајцарското обвинителство, изјави адвокатот што ја застапува групата жртви.
- Семејствата поднесоа барања и се приклучија на постапката како обвинители. Овие барања беа прифатени од обвинителството - потврди адвокатот Ромен...
Имаме 2.105.467 претплатници на мобилен, кои за 9 месеци разговарале 1.299.617.051 минути
Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија заклучно со третиот квартал лани изнесува 2.105.467, а реализрани се 1.299.617.051 минути разговор. Резиденцијални припејд претплатници се 833.089, резиденцијални постпеид 1.024.072, а деловни постпејд 248.306, покажуваат најновите податоци од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
Извештајот на АЕК покажува дека А1 Македонија има 47,41 процент удел во вкупниот број претплатници, Македонски Телеком 46,68 проценти,...
„Вејгбукинг“: Мистериозни објави мамка за внимание
Таинствените и нејасни објави на социјалните мрежи, познати како „вејгбукинг“ (vaguebooking), стануваат сè почеста форма на онлајн-комуникација, како кај обичните корисници, така и кај славните личности. Терминот се однесува на намерно објавување пораки со недоволно информации, со цел да се поттикне љубопитност, да се добие внимание или реакции од публиката.
Според невропсихологот Санам Хафиз, станува збор за нејасни, лични пораки,...
Две лица убиени и неколку повредени во пукање крај мормонска црква во Солт Лејк Сити
Две лица се убиени, а неколку се повредени во пукотница на паркинг во близина на мормонска црква во главниот град на американската држава Јута, Солт Лејк Сити, соопшти полицијата.
Според првичните извештаи, трагедијата на паркингот на храм на Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните дни се случила доцна синоќа, изјави портпаролот на полицијата, истакнувајќи дека ситуацијата сè уште...
Витаминот Ц може да ги заштити белите дробови од загадување, вели истражување
Големи дози на витамин Ц значително можат да го намалат штетното дејство на ситните честички во воздухот врз белите дробови, покажува ново истражување на Универзитетот за технологија во Сиднеј (УТС). Научниците спровеле експерименти направени врз глувци и лабораториски одгледувани човечки ткива и откриле дека витамин Ц го намалува губењето на митохондриите, ги ублажува воспаленијата и го спречува оштетувањето предизвикано...







































