Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите, му одговори Мицкоски на Филипче

Законите од реформската агенда, изборот на правобранител, укинување на техничката влада се меѓу прашањата што премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе ги предложи за лидерската средба со првите луѓе на парламентарните партии на 14 јануари напладне во Клубот на пратениците за што формална покана ќе биде испратена денеска или утре. Мицкоски претпладнево во изјава за медиумите рече...

Блиску сме до договор со Америка, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски штотуку изјави дека документот што ги дефинира безбедносните гаранции на САД за Украина „сега е во суштина подготвен за финализирање на највисоко ниво со претседателот на Соединетите Американски Држави“. - Важно е Украина успешно да ги обедини напорите на европските и американските тимови и дека заедно разговаравме, меѓу другото, за документи за реконструкција и економски развој...

Мицкоски вели дека годинава ќе биде година на реформи и реализација на проекти

Оваа ќе биде година на реформи, во која ќе се завршуваат проектите и ќе се ставаат во функција објектите, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на нова градинка „Сончогледи“ во Општина Гевгелија. Според него, 2026 ќе биде година на големи и крупни чекори во делот на градежништвото, образованието, енергетиката, економијата, земјоделието... - Генерално, ќе биде...

Секоја армија од Коалицијата на подготвените испратена во Украина ќе се смета за легитимна воена цел, вели Захарова

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека секоја армија од Коалицијата на подготвените испратена во Украина ќе се смета за легитимна воена цел. - Во овој поглед, руското Министерство за надворешни работи предупредува дека распоредувањето воени формации, воени објекти, магацини и друга инфраструктура на западните земји на територијата на Украина ќе се смета за странска...

Средба за техничката влада ќе нема, вели Филипче

Средба за техничката влада нема да има, техничката влада мора да остане затоа што оваа власт покажа со конкретни дела и чекори дека не владее демократски, изјави денеска на прес конференција лидерот на СДСМ Венко Филипче, обвинувајќи дека „ова што се случува е сценарио за предвремени избори“. - Техничката влада беше воведена за тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ не ги злоупотребува...

Општина Македонска Каменица со засилени активности поради зголемен водостој на реките

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на Каменичка Река и останатите реки на територијата на Општина Македонска Каменица, надлежните служби од раните утрински часови активно ја следат состојбата на терен и интервенираат каде што е потребно. Како што информира градоначалничката Соња Стаменкова, уште рано утринава биле известени надлежните служби на ЕВН за состојбата со електричните кабли кај мостот во близина...

Раст и на извозот и на увозот во периодот јануари – ноември 2025 година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – ноември 2025 година, изнесува 7.395,6 милиони евра и бележи раст од 2,5 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, 10.509,9 милиони евра, што е за 3,8 проценти повеќе во споредба со 2024 година, објави Државниот завод за статистика. Трговската размена по...

ЦУК: Проблеми со поплави во Охрид, Кичево, Битола, Гостивар и Тетово

Во Охрид и околината, поради обилните врнежи од дожд, има поплавени подруми, дворови и неколку објекти во градот. Некои водотеци се излеани, а локалната самоуправа и кризниот штаб се на терен, додека екипите на ЈП „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат и ја отстрануваат водата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што посочуваат, во Кичево и околните населби се...

Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска

Гренланд треба да води директни разговори со владата на САД без посредништво на Данска, изјави Пеле Броберг, лидер на најголемата опозициска партија во Гренланд, Налерак. - Ја повикуваме нашата влада да започне дијалог со владата на САД без Данска - изјави Броберг, лидер на опозициската партија Налерак, која се залага за независност на Гренланд. Тој рече дека Данска со своето посредништво...

Реката Црна се излеа во демирхисарските села Бараково и Граиште

Црна Река се излеа од своето корито и ги поплави атарите на демирхисарските села  Бараково и Граиште. Водостојот на реката Црна се зголемува и постои непосредна опасност реката да се излее во куќите. Поплавен е и патниот правец Бараково-Вардино и е непрооден, потврдија жители од демирхисарските села Бараково и Граиште.