Ледениот остров во кој се судри НАТО
Гренланд како повод
Случувањата поврзани со островот можат да ја разнишаат иднината на НАТО, да отворат нови арктички патишта, да го променат односот на силите меѓу САД, Европа, Русија и Кина, преобликувајќи го меѓународниот поредок
Гренланд, долго време перципиран како леден остров на маргините на светската политика, денес се претвора во еден од најзначајните геополитички простори, чија улога може да...
Упатство за употреба: што да направите ако се заглавите во лифт во ОН
Светот сега се чини им припаѓа на трите нови империи (иако и Америка и Русија и Кина не се империи од вчера). Ќе видиме дека Трамп избегнува да се повикува на меѓународното право, туку е фокусиран на МАГА-концептот, додека неговите соперници Путин и Си (особено тој) се повикуваат на закони и на меѓународен поредок. Но играта од поодамна...
Славески: Инфлацијата ќе се движи по патека на надолно приспособување и ќе има натамошен економски раст со солидно закрепнување
„Домашната економија досега покажува релативна отпорност на светските ризици и ќе бележи солидно закрепнување и во наредниот период. Ваквите позитивни трендови се очекуваат и годинава, заедно со постепеното закрепнување на економиите на нашите најзначајни трговски партнери, како и засиленото остварување на инфраструктурните инвестиции во земјава“. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во изјава за бизнис-магазинот...
Како станавме христијани
Кога бев дете, мајка ми често повторуваше дека ние сме рисјани и треба да се однесуваме како рисјани. Баба ми и дедо ми секоја недела, убаво дотерани, одеа во црква, зашто, иако Власи, тие биле верни рисјани. Го прифаќав искрено иако не знаев што вистински означува зборот, освен сознанието дека е многу важен во верата кон Исус Христос. Дури...
Масовни протести во Иран
Во Техеран и другите ирански градови се одржуваат масовни антивладини протести, а снимките од теренот ги покажуваат најголемите демонстрации против клерикалниот режим во последниве години.
Немирите, што влегоа во 12-тиот ден, се поттикнати од гневот поради падот на вредноста на националната валута и се проширија во повеќе од 100 градови низ земјата.
Протестите се дополнително охрабрени од повикот на Реза Пахлави,...
Несудениот македонски манастир во родното место на комунизмот
Овој наслов нема да го најдете ни во заборавената торба на терзијата иако приказната е поучна, иако е вистинита. Не беше тоа одамна…
Бев присутен (како странец се разбира) на еден исклучително редок настан во оваа невозможна земја: меѓународен симпозиум на темата „Заштита на културното наследство“, организиран од еден архитект што не е носител на функција во службената асоцијација ААМ!...
Повторени избори за градоначалници: Завршува кампањата, утре гласаат болните
На полноќ завршува изборната кампања за повторените избори за градоначалник в недела на 11 јануари во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Изборниот молк ќе трае до завршување на гласањето на 11 јануари во 19 часот. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), гласачките ливчиња и апаратите за биометриска идентификација денеска се дистрибуираат до Општинските изборни комисии...
Температурите ќе паѓаат, возете внимателно и одговорно
Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема.
-Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови. Направете проверка...
Донорска кожа од починати лица пристигна во Швајцарија за настраданите во пожарот во Кран-Монтана
Болниците во Цирих примија 9,3 метри квадратни донорска кожа за жртвите од пожарот во барот во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана, соопшти холандската банка за ткива која ја изврши доставата. Кожа од починати донори е доставена и во Лајпциг, каде се лекуваат тројца од настраданите во пожарот.
Портпаролот на банката за ткива „ETB-BISLIFE“ информираше дека пратката е веќе распределена во Универзитетската...
Мадуро и сопругата изолирани во озлогласен затвор во Бруклин
Поранешните жители на пространиот претседателски дворец, соборениот венецуелски лидер Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, сега се соочуваат со сосема поинаква реалност зад ѕидовите на озлогласениот Метрополитенски притворски центар (МДЦ) во Бруклин. Како што пишува „Си-ен-ен“, во притворот ги очекуваат строги услови за престој и засилени безбедносни мерки.
Метрополитенскиот притворски центар во Њујорк е познат по лошите услови, честите...






































