Вевчани подготвено за Вевчанскиот карневал на 12 и 13 јануари

Vevcani
Традиционалниот Вевчански карневал, една од најстарите живи карневалски манифестации на Балканот, ќе се одржи на 12 и 13 јануари со централна карневалска поворка на 13 јануари од 13 часот кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала. Ова беше најавено денеска на прес-конференција во Скопје по повод годинашното издание на „Вевчански карневал 2026“, кое традиционално...

Угостителските услуги во декември лани со исти цени на месечно ниво, на годишно зголемени за 3,5 проценти

Restaurant
Цените на угостителските услуги во декември во однос на ноември 2025 година не бележат промени, додека во однос на декември 2024 година сe зголемени за 3.5 проценти - објави денеска Државниот завод за статистика. Во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од минатата година цените на угостителските услуги  се зголемени за 4.8  проценти, додека во...

Сопствениците на „Констелејшн“ на суд поради пожарот во барот во Кран – Монтана

Сопствениците на популарниот бар „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Жак и Џесика Морети, денеска се појавија за првпат пред истражен судија во Сион како осомничени во врска со пожарот од 1 јануари во кој загинаа 40 лица, меѓу кои 21 лице под 18 години. Тие ги дадоа своите искази во канцеларијата на Министерството за правда на Кантонот Вале, во придружба на тројца...

Од утре попладне снег, од следната седмица температури под нула

Повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините ќе има утре претпладне, кога ќе дува умерен до засилен јужен ветер, над 60 километри на час. Попладнето врнежите насекаде ќе бидат само од снег. -Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само...

Хамнеи: Иран нема да попушти пред протестите, САД се виновни за немирите во земјата

Иранскиот Врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денеска изјави дека Исламската Република нема да попушти пред протестите, а за немирите во земјата ги обвини „странските елементи кои се обидуваат да ја дестабилизираат земјата“. -Секој треба да знае дека Исламската Република дојде на власт со крвта на стотици илјади чесни луѓе и дека нема да попушти пред саботерите - рече Хамнеи...

Божиновска: 2025 беше година  на ред, стабилност, развој и транспарентност во енергетиката

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведе интензивна, институционална и транспарентна политика на комуникација со јавноста и медиумите, паралелно реализирајќи клучни реформи и проекти во енергетскиот и рударскиот сектор, се наведува во соопштението на Министерството. Во соопштението се наведуваат клучните активности, кои Министерството ги спровело минатата година, при што се наведува дека министерката Божиновска во текот на 2025 година...

Приказните од скриените места во Македонија се суштината на нашата култура

Тамара Котевска, режисерка По своите успешни премиери во Њујорк и Лондон, документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, ја доживеа својата свечена премиера во Скопје во Македонскиот народен театар (МНТ), каде што филмот првпат беше прикажан пред македонската публика. На настанот присуствуваше целата филмска екипа, а режисерка Тамара Котевска ја сподели својата возбуда со домашната публика. - Овој...

Кучињата имаат способност да ги препознаваат човечките емоции

Медицински совет Кучето ја чувствува тагата на сопственикот преку мирисот, тонот на гласот и јазикот на телото. Неговото однесување се менува инстинктивно – станува потивко, присутно покрај сопственикот. Замисли најобичен ден. Се враќаш дома заморен, разочаран, можеби си плачел. Не зборуваш ништо. Само седиш. И тогаш – кучето доаѓа. Не скока, не бара топче. Само тивко легнува покрај тебе. Те...

Објавен романот „Прегорување“ од Петр Шестак

„Македоника литера“ неодамна го објави романот „Прегорување“ од современиот чешки писател Петр Шестак во превод од чешки јазик на Наталија Тоневска Каровска. Овој роман обработува современа тема – урбаниот велосипедизам, поточно, тој претставува фрагментарен монолог од курир што вози велосипед низ градот, доставувајќи храна до оние што се посреќни и поуспешни од него. Тој е современ работник, извршител на услужни...

Антологискиот „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс во Кинотеката

Јануарската програма - содржински богата целина Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 година претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и на критичката мисла во земјава. Во година во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање, јануарската програма функционира и како...