Борисов вели дека Бугарија се соочува со хаос и политичка нетрпеливост

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, денеска најави дека неговата коалиција ќе го прими, но веднаш ќе го врати мандатот за состав на нова влада на Бугарија, предупредувајќи дека земјата се соочува со уште поголем хаос и политичка нетрпеливост. - Ќе го земеме и ќе го вратиме мандатот, но ве предупредувам дека хаосот ќе биде уште поголем, а омразата меѓу партиите...

Студен бран во Хрватска, издадени црвени и портокалови метеоаларми

Студениот бран во Хрватска продолжува да создава сериозни ризици за сообраќајот и здравјето на граѓаните, јави Хрватската радио-телевизија (ХРТ). Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) издаде црвен метеоаларм за појава на голомразица за подрачјето на Осиек и портокалов аларм за голомразица за подрачјето на Загреб. Најниските утрински температури денеска беа измерени во западна Хрватска и во Славонија – во Штригово речиси минус 10...

Каде и да видите министри, фрлајте по нив јајца или домати, зашто се главни виновници за поплавите, им порача Бериша на граѓаните

Повторувајќи го барањето до Владата да прогласи вонредна состојба по поплавите во земјата, лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша упати несекојдневен апел до граѓаните. - Каде и да видите министри, фрлајте јајца или домати по нив, тие се главната причина за вашите несреќи - рече Бериша на тркалезната маса на дел од опозицијата и граѓанското општество. Бериша образложи и зошто...

„Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors

Plakat Siljan
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize (наградата од публиката) на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм. Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил,...

Познат изгледот на двојките за претколото од Купот на ОФМ 2026

Натпреварувањето од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија за сезоната 2025/2026 ќе стартува на почетокот на февруари со натпреварите од претколото со кои ќе биде дефиниран изгледот на осминафиналната фаза во женска конкуренција, односно четвртфиналните двојки кај мажите. Според пропозициите учеството во Купот на ОФМ 2026 е задолжително за клубовите кои се дел од Првата и Втората лига мажи и...

Работиме на ревизија на критериумите за боледување, истакна Клековски

Sasao Klekovski
Работиме на ревизија на критериумите за боледување каде е неопходно да постигнеме баланс меѓу потребата за лесна достапност до боледување за тие што имаат потреба, а од друга страна да ги спречиме злоупотребите - истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски. Тој посочи дека има значителен број злоупотреби на боледувањата. - Истоштени сме од правење постојани...

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Богородица

На шест часа, почнувајќи од 17 часот по македонско време (18 часот по локално време) грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премини Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција - јави на дописничката на МИА од Атина. Блокадата се очекува да трае до полноќ по грчко, 23 часот по македонско време и како и досега...

Најсовремени молекуларно-дијагностички процедури и генетските анализи за онколошки заболувања стануваат достапни за осигурениците на товар на Фондот

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ) денеска склучија договор со кој лабораторијата за молекуларна биологија и геномика при ПМФ ќе започне со изведување напредни молекуларно-дијагностички анализи, пред сè, преку примена на генски панели за таргетирано, масивно паралелно секвенционирање од новата генерација (NGS) кај различни онколошки состојби. Со ова, најсовремените молекуларно-дијагностички процедури, вклучувајќи ги и генетските анализи...

Вевчани подготвено за Вевчанскиот карневал на 12 и 13 јануари

Vevcani
Традиционалниот Вевчански карневал, една од најстарите живи карневалски манифестации на Балканот, ќе се одржи на 12 и 13 јануари со централна карневалска поворка на 13 јануари од 13 часот кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала. Ова беше најавено денеска на прес-конференција во Скопје по повод годинашното издание на „Вевчански карневал 2026“, кое традиционално...

Угостителските услуги во декември лани со исти цени на месечно ниво, на годишно зголемени за 3,5 проценти

Restaurant
Цените на угостителските услуги во декември во однос на ноември 2025 година не бележат промени, додека во однос на декември 2024 година сe зголемени за 3.5 проценти - објави денеска Државниот завод за статистика. Во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од минатата година цените на угостителските услуги  се зголемени за 4.8  проценти, додека во...