Швајцарското обвинителство нареди притвор за сопственикот на „Ле Констеласион“ поради ризик од бегство
Швајцарските обвинители денеска соопштија дека е одреден притвор за еден од двајцата сопственици на барот во ски-центарот Кран-Монтана, кој изгоре во новогодишната ноќ. Во пожарот животот го загубија 40 лица, а локалните медиуми јавуваат дека налогот за апсење е веќе извршен.
Обвинителството води истрага против сопствениците на барот „Ле Констеласион“, француските државјани Жак и Џесика Морети, под сомнение за сторени...
Газели се засилуваат на позицијата техничар
Екипата на Газели Волеј се засили пред продолжението на првенството. Паузата е искористена за вклучување во составот на искусната Марија Крстеска, која настапува на позицијата техничар.
-Со пристигнувањето на Марија Крстеска во нашиот клуб, добиваме искуство и посакувана стабилност на позицијата техничар. Во изминатите четири месеци Марија тренираше со нашиот колектив и покажа дека совршено ќе се вклопи во целокупниот...
Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни, но на делници кои минуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони, соопштуваат од ЈП Македонијапат.
Слаби врнежи од снег се забележани на Попова Шапка, додека во Македонски Брод, Крушево и Ресен има врнежи од снег проследени со дожд.
Од...
Мелони: Време е ЕУ директно да разговара со Русија
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека се согласува со францускиот претседател Емануел Макрон оти Европската Унија треба директно да преговара со Русија доколку напорите на САД за посредување за мир во Украина не резултираат со договор, јави италијанската агенција АНСА.
- Во тој случај мислам дека Макрон е во право. Време е ЕУ да разговара со Русија. Ако Европа...
Јавните комунални претпријатија се справуваат со последиците од поплавите, ситуацијата се смирува, велат од ЦУК
Јавните комунални претпријатија во Пелагонискиот регион и во останатите региони во земјава се на терен и се справуваат со последиците од поплавите, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) и додавааат дека состојбата се стабилизира.
Како што се посочува во информацијата од ЦУК за состојбата до 17:00 часот, во Битола во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за...
ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од Првата светска војна
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека денеска безбедно е отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна пронајдена во индустрискиот дел на Општина Богданци.
- Денеска, кон пладне е пријавено од СВР Гевгелија дека во Општина Богданци од индустрискиот дел на Општината е пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС). Од Дирекцијата за заштита и спасување...
Силјановска Давкова ги достави предлозите за двајца членови на Судскиот совет до Собранието
Во Собранието се доставени материјалите за избор на Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет на Македонија на предлог на претседателката Гордана Силјановска-Давкова.
Арлинда Кадри-Шахиновиќ е универзитетска професорка со долгогодишна академска кариера на Факултетот за правни и политички науки при ФОН и МИТ Универзитет, а во јавноста е позната и како поранешен член на Комисијата за помилување....
Поглаварот на МПЦ-ОА г. Стефан приреди традиционален божикен прием за државниот врв
Традиционален божикен ручек за државниот врв приреди поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, по повод божикните празници и својот именден, денеска на трет ден Божиќ, кога Црквата го прославува и споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.
Како што соопштија од МПЦ-ОА, на божиќната трпеза присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм...
Борисов вели дека Бугарија се соочува со хаос и политичка нетрпеливост
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, денеска најави дека неговата коалиција ќе го прими, но веднаш ќе го врати мандатот за состав на нова влада на Бугарија, предупредувајќи дека земјата се соочува со уште поголем хаос и политичка нетрпеливост.
- Ќе го земеме и ќе го вратиме мандатот, но ве предупредувам дека хаосот ќе биде уште поголем, а омразата меѓу партиите...
Студен бран во Хрватска, издадени црвени и портокалови метеоаларми
Студениот бран во Хрватска продолжува да создава сериозни ризици за сообраќајот и здравјето на граѓаните, јави Хрватската радио-телевизија (ХРТ).
Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) издаде црвен метеоаларм за појава на голомразица за подрачјето на Осиек и портокалов аларм за голомразица за подрачјето на Загреб.
Најниските утрински температури денеска беа измерени во западна Хрватска и во Славонија – во Штригово речиси минус 10...







































