Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар

Воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар во двата правци, поради врнежи од снег. Како што информираат од АМСМ, забраната е воведена во 14:10 часот.

Серија пријави за семејно насилство во Скопје, Делчево и Штип за едно деноноќие

Во изминатото деноноќие, полициски службеници на Министерството за внатрешни работи интервенирале по повеќе пријави за семејно насилство на подрачјето на Скопје, Делчево и Штип, при што неколку лица биле лишени од слобода. Според соопштението од МВР, вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.К. (41) од Велес, по пријава од неговата 39-годишна вонбрачна партнерка дека истиот ден...

На ГП „Блато” приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница

На граничниот премин „Блато" на македонско - албанската граница, кај Дебар, од слобода е лишен албански државјанин баран со меѓународна потерница. - Денеска во 1:40 часот на граничниот премин „Блато" од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор и граничен премин „Блато", на влез во државава, од слобода е лишен Ј.В. (44) од Република Албанија, бидејќи бил...

ЦУК: Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрони, свлечишта и поплави на повеќе места во државава

Како последица на обилните врнежи од дожд, денеска до 12:30 часот се регистрирани одрони, свлечишта и локални поплави во повеќе региони низ државата, информираат од Центарот за управување со кризи. Во Штип поради претходните врнежи зачестени се одроните од камења и свлечишта на коловозите, поради што се апелира на зголемена внимателност при сообраќајот. Во Скопскиот регион, како што информираат од ЦУК,...

Побегнале од државата: Се трага по 18-годишниот возач што ја прегази починатата жена на „Народен фронт“

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 11:30 часот на улицата „Народен фронт“ во Скопје, во која животот го загуби 79-годишна жена. Како што информираат од МВР, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (18) од Скопје, удрило во пешакот Љ.Ј. (79), која од здобиените...

Во потрага по вистината или час по анатомија за нашата (не)одговорност

Објавена „Визионика“ од Самуел Колономос Садикарио Издавачката куќа „Академска мисла“ од Скопје ја објави најновата книга на истакнатиот еврејско-македонски писател, истражувач на холокаустот на македонските Евреи, колумнист и мислител Самуел Колономос Садикарио, со наслов „Визионика“ и со поднаслов „Потрага по вистината“. Тој го помина работниот век на Медицинскиот факултет во Скопје, стекнувајќи се со сите научни звања од медицината: асистент,...

Кинески истражувачи постигнаа научна пресвртница во флексибилните соларни ќелии

Кинески истражувачи систематски ги решија клучните предизвици во ефикасноста и стабилноста на флексибилните тандемски соларни ќелии, постигнувајќи пресвртница во флексибилните фотоволтаични ќелии базирани на силициум, објави „Чајна саенс дејли“. Студијата, предводена од истражувачи од Универзитетот „Сухоу“, беше објавена во списанието „Нејчр“. Комерцијализацијата на флексибилните тандемски соларни ќелии од кристален силициум/перовскит се соочува со две главни тесни грла: нивната ефикасност сè...

Велика Британија ќе обезбеди 200 милиони фунти за подготовка за евентуално распоредување на војници во Украина

Велика Британија соопшти дека обезбедува 200 милиони фунти (230 милиони евра) за финансирање на подготовките за евентуално распоредување на војници во Украина, откако оваа недела вети дека ќе придонесе за мултинационални сили за земјата во случај на прекин на огнот. Британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот се согласија за декларација за...

Нови форми на дигитално насилство меѓу младите

Новите форми на дигитално малтретирање во некои случаи се полоши од класичното насилство, а тоа многу се потценува во општеството. На Инстаграм има сѐ повеќе профили наречени „најгрозните момчиња и девојчиња“, покрај кои најчесто се наведува и местото од каде што доаѓаат поединците. На овие профили, авторите објавуваат фотографии на деца за кои сметаат дека се „грозни“ и ги...

Промовирана „На ти со Ерос и Танатос“ на Виолета Танчева-Златева

„На ти со Ерос и Танатос“ е поетска книга на Виолета Танчева-Златева, која излезе од печат, во издание на издавачкиот центар „Три“ и стана финалист за наградата „Браќа Миладиновци“ на „Струшките вечери на поезијата“. Ова е шеснаесетта книга, а десетта поетска збирка на авторката. Од нив особено се издвојуваат „Година без лето“, која беше наградена со „Браќа Миладиновци“ во 2015...