Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка

Утрово на Попова Шапка е најстудено, - 8 степени и има најмногу снег, 31 сантиметар. До 08.30 часот се измерени и -5 степени во Kрушево и Mаврови Анови, -2 во Куманово, -1 во Крива Паланка, Берово и Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Претор, Штип, Битола, Прилеп и Струмица, 1 во Кавадарци и Велес, како и 2...

До 5.000 евра казна, oбјавен новиот нацрт-закон за заштита од пушење

Со нацрт-законот за заштита од пушење, кој денеска и официјално е објавен на електронскиот регистар ЕНЕР, се предвидува драстично заострување на државната политика кон пушењето цигари и тутунските производи. Освен целосна забрана за пушење во јавни и работни простории, предлог-законот изработен од Министерството за здравство предвидува и забрана за рекламирање, промоција и спонзорирање од страна на тутунската индустрија, регулирање на...

Мирен собир во Кочани, сочувство за жртвите во Кран Монтана

Под мотото „Два града - иста болка, се одржа мирен собир во Кочани во знак на сочувство за жртвите во трагедијата во Кран Монтана. На собирот присуствуваа и родители на децата што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тие порачаа дека длабоко ја разбираат болката, загубата и празнината што ја остава една ваква трагедија, истакнувајќи дека тишината понекогаш...

До 19 часот гласале 242 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 19 часот вечерва од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа до 19 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во...

Полов напад и уцена врз малолетното девојче од Липково

СВР Куманово денеска до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против Н.А. (31) од село Слупчане, Општина Липково за сторени кривични дела „полов напад и силување"  и „уцена" и против  Ќ.М. (28) од село Слупчане за сторено кривично дело „полов напад и силување". Според МВР, Н.А., спротивно на јасно изразена волја, извршил полови дејствија врз малолетна девојка во липковско, а ја...

Андоновски: Остануваме посветени на исполнување на европските критериуми

Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми и на напредокот на државата, напиша попладнево на својот фејсбук профил министерот за информатичко општество и дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој беше дел од владиниот тим што денеска одржа состанок со премиерот Христијан Мицкоски за реформската агенда. Според Андоновски, фокусот е јасен - европските стандарди дома, преку подобри јавни услуги, побрзи...

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор

Премиерот Христијан Мицкоски преку својот фејсбук-профил попладнево информира дека со својот владин тим одржал состанок за реформската агенда. Како што наведува Мицкоски, борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор. - Саботен состанок за реформска агенда. Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор. Силно сме фокусирани кон стандарди за подобар живот на граѓаните. Таа...

Осумнаесетгодишникот што ја прегази жената немал важечка дозвола, побегнал преку „Табановце“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1...

Силна бура во Газа уништи илјадници шатори на раселените семејства

Силна зимска бура што го зафати Појасот Газа оштети или целосно однесе илјадници шатори во кои се сместени раселени семејства, дополнително влошувајќи ги и онака тешките услови за живот и продлабочувајќи ги стравувањата од нова хуманитарна катастрофа, соопшти денеска Цивилната заштита на Газа. Портпаролот на службата, Махмуд Басал, изјави дека силните ветрови и обилните врнежи предизвикале масовно уништување на привремените...

Швајцарски кантоналeн лидер гневен поради години без инспекција во барот каде загинаа 40 млади

Претседателот на Владата на швајцарскиот кантон Вале изрази гнев поради фактот што локалните власти со години не извршиле инспекциски проверки во барот во кој во пожар загинаа 40 млади луѓе, додека обвинителството ги засилува напорите за утврдување на одговорноста. Градоначалникот на скијачкото одморалиште Кран-Монтана оваа недела изјави дека во барот „Ле Констеласион“ не била спроведена инспекција од 2019 година, што...