Македонското МНР го осуди инцидентот со кршењето на стакло на Амбасадата на Бугарија во Скопје
Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) го осуди инцидентот во кој денеска непознато лице скршило стакло на објектот во кој е сместена Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
- Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува инцидентот што се случи денес, во кој непознато лице скршило стакло на објектот во кој е сместена Амбасадата на Република Бугарија во...
Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните, истакна Мицкоски
Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Онер Јакуповски за градоначалник на Општина Маврово Ростуше на повторените локални избори не е само локален резултат, туку јасна политичка порака дека граѓаните препознаваат работа, присуство на терен и одговорност, порака дека не се наградуваат празни зборови туку резултати - рече вечерва на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако соопшти дека тој го...
Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир, соопшти МВР
Повторените локални избори во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера - информираат од МВР.
-МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Не беа регистрирани инциденти или било...
На патниот правец Тетово-Бањиче има падната голема карпа на коловозот, надлежните преземаат мерки, соопшти ЦУК
На патниот правец Тетово – Бањиче, има падната голема карпа на коловозот со опасност од дополнителни одрони. За настанот се известени ЈКП Тетово, СВР Тетово и ДЗС, кои преземаат мерки согласно надлежностите. Состојбата во градот и околината е стабилна, патната инфраструктура е проодна, а коловозите се претежно влажни - информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во регионот на...
Сообраќајот се одвива во зимски услови, внимателно возење на критичните делници
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат - соопшти попладнево АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Шест причини зошто би било добро повторно да се носат маски
Бројот на луѓе кои страдаат од респираторни инфекции расте, а Министерството за здравство доста често ги предупредуваат граѓаните да се заштитат во затворен простор: „Препорачуваме носење маски на преполни места - сега е вистинското време да се спречи понатамошното ширење на вирусите на грип и да се заштитат ранливите групи.“
Во текот на зимските месеци, чекалните повторно се полни со...
Бројот на жртви во Иран надмина 500, соопшти новинска агенција со седиште во САД
Бројот на жртви во протестите во Иран надмина 500 - соопшти денеска новинска агенција со седиште во САД.
Активистите за човекови права денеска соопштија дека 538 лица се убиени во двонеделните демонстрации - 490 демонстранти и 48 припадници на безбедносните сили. Приведени се повеќе од 10.600 лица.
Агенцијата предупреди дека бројот на жртви веројатно ќе продолжи да расте.
Бројките не се независно...
Носот ви тече кога е ладно – тоа е природен механизам што ги штити вашите бели дробови
Сувиот и ладен воздух што го вдишуваме спречува иритација на белите дробови со стимулирање на нервните завршетоци во носот и зголемување на протокот на воден секрет (слуз). Оваа слуз се меша со студениот воздух што го вдишуваме во носните шуплини, со што ги загрева дишните патишта.
Белите дробови „не сакаат“ ладен и сув воздух во текот на студените зимски денови,...
Фицо побара разрешување на Каја Калас
Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска побара разрешување на високата претставничка на Европската Унија за меѓународна политика, Каја Калас, оценувајќи дека Европската Унија „мора да се вразуми“.
- Европската Унија поминува низ криза каква што никогаш порано не доживеала. Само силните ќе преживеат, економски, воено или енергетски - рече Фицо.
Тој оцени дека, доколку ЕУ ги усвои пакетите санкции против Русија, тогаш...
Излезност од 18,18 отсто до 15 часот на повторените избори во четири општини
До 15 часот, на повторените избори за градоначалник што денеска се одржуваат во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23 298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128 286 гласачи. Гласањето се спроведува на 215 избирачки места - соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Најголема излезност е забележана во општина Врапчиште, каде до 15...







































