Најстудено на Попова Шапка -16, во Маврово -14, во Крушево -13 степени

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -16 степени, во Mаврови Анови се измерени -14, во Крушево -13, Крива Паланка -11, во Берово - 10, Битола, Прилеп и Охрид -9, во Тетово и Струмица -8, во Скопје-Петровец -7, Демир Капија -6, Куманово, Кавадарци и во Велес -5 и во Гевгелија -1 степен, соопшти УХМР. На Попова Шапка има и 26...

Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е резултат на авионскиот превоз, вели Славески

Податоците за инфлацијата во декември 2025 година укажуваат на стабилност на домашните ценовни притисоци, а регистрираниот месечен раст е статистички изобличен од цените на авионскиот превоз, оцени гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во објава на социјалната мрежа Х („Твитер“). Месечната инфлација во декември 2025 година, во споредба со ноември, изнесува 0,4 проценти, при што растот се должи исклучиво на...

ЦУК со информации по обилните врнежи во земјава

Центарот за управување со кризи во информација за состојбата по обилните врнежи на територијата на државата, заклучно со 8 часот изутринава, информира дека  во Пелагонискиот Регион (Битола, Могила и Новаци), во подрачјата во кои имаше излевање на реките, водата постепено се повлекува од поплавените површини. Нивото на реката Црна кај селото Новаци во 18 часот синоќа изнесувало 320 сантиметри. Во...

Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР

Министерството за здравство соопшти дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде сите заинтересирани граѓани и организации можат да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување. -Со овој закон отвораме суштинско прашање што директно го засега здравјето и иднината на нашите деца и младите. Фактите се јасни и неспорни - тутунот и...

Крајбрежен шепот на Алисија Колевска – ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА

Фотографијата Крајбрежен шепот на авторката Алисија Колевска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. – Зимска глетка од градскиот кеј на Охридското Езеро – вели авторката во описот на фотографијата. Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.  „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата   Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува...

Зеленски бара итна испорака на ракети за ПВО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави одржување на состанок посветен на итната потреба на Украина од нови ракети за противвоздушна одбрана (ПВО), пренесува Укринформ. Зеленски во своето вечерно видеообраќање информираше дека со врховниот командант на вооружените сили, Олександар Сирски, детално ги разгледале прашањата за испораките од партнерите. Тој нагласи дека приоритет се ракетите кои се веќе во европските складишта. - Утре имаме...

Вечерва почнува „Вевчански карневал 2026“ со концерти на популарна музика

Со концерти на популарна музика, на кои ќе настапат рап-дуото „Пука козметика“, „Влатко Лозаноски бенд“ и „Брас брадрс“, вечерва почнува традиционалниот „Вевчански карневал 2026“ во Вевчани. Централната карневалска поворка ќе се одржи утре од 13 часот, кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала, што претставува кулминација на манифестацијата. Утревечер од 20 часот ќе следуваат концерти на...

Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во Прилеп и околината

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда 2.9. - Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала -...

Сообраќајот по претежно влажни коловози, проодни сите патни правци

Сите патни правци се проодни. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информира дека интензитетот на сообраќај на...

ДИК објави првични неофицијални резултати од гласањето во четирите општини

DIK
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги соопшти првичните и неофицијални резултати од денешните повторени избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа, врз основа на податоците што пристигнале преку електронскиот систем. -Во општина Врапчиште запишани се 27.279 избирачи во Избирачкиот список, а се гласаше на ласаше на 39 избирачки места. Досега податоци се пристигнати од 38...