На локалитетот Камени Кукли во кратовското село Куклица денес се одржа традиционалната манифестација „Шопска свадба“.

На свадбата младенците се венчаваат по традиционални обичаи од Кратовскиот крај и има за цел да го покаже културното наследство на Шопите од Североисточниот регион.

Според традицијата, невестата пристигнува со коњ, а младоженецот тазе избричен од другарите и накитен со пари ја бара за жена од мајка ѝ. Правило е младенците да не се постари од 35 години и ова да им е прв брак.

Локалитетот Камени Kукли кај кратовското село Куклица, познат како Весела скаменета свадба, содржи 150 камени кукли како дар од природата.

Фотографии: Горан Анастасовски