Фото: принтскрин

Момче преживеа 22 часа заробено под урнатините, на студ, без храна и вода

Во Малатија, која се наоѓа во близина на епицентарот на разорниот земјотрес што вчера ја погоди Турција, спасено е тригодишно момче.

Видеото на Твитер го сподели новинарот на ТРТ, Хакан Чопур, наведувајќи дека тоа е чудо.

Разорните земјотреси кои вчера ја погодија Турција, според најновите информации, однесоа повеќе од 4.300 животи во Турција и Сирија.

Спасувачките екипи се на терен повеќе од 24 часа и во многу лоши временски услови прават се за да ги пронајдат преживеаните.