Фото: Фејсбук

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак го изрази своето задоволство што Косово начелно го прифати предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу двете страни.

– Мило ми е што Косово начелно го прифати предлогот на ЕУ. Ќе ги продолжиме нашите разговори на средба на високо ниво – напиша Лајчак на Твитер.

Високиот претставник на ЕУ додаде дека вчера во Приштина и Белград разговарал со косовскиот премиер Албин Курти, главниот преговарач Бесник Бисљими, а потоа и со српскиот претседател Александар Вучиќ и со претседателот на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија, Петар Петковиќ.

Вучиќ синоќа по средбата со Лајчак на Инстаграм напиша дека имале „отворен и пријателски разговор“.