Илустрација / Фото: МОН

Учебната 2022/2023 година денеска завршува за средношколците, но не и за основците за кои крајот на наставата ќе биде в среда, 14 јуни.

Во основните училишта учебната година е продолжена три дена затоа што беше продолжен зимскиот распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата. Второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари почна на 23 јануари.

Матурантите, пак, утре ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен. Пријавените кандидати имаа можност да избираат од седум предмети: Математика, Англиски јазик, Француски, Германски, Руски јазик, Естетика или Филозофија.

Првиот екстерен испит, задолжителниот Мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература 15 620 матуранти го полагаа на 27 мај.