|
|
Во чест на пирејот и на Петре М. Андреевски |
|
|||||||||||||||||||||
Манифестацијата „Славење на пирејот“, посветена на писателот Петре М. Андреевски, денеска ќе се одржи во Слоештица, родното село на починатиот бард на македонската литература на денот Голема Богородица, кој е традиционален празник во селото |
||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||
| Манифестацијата, која се одржува веќе трета година, опфаќа повеќе содржини, кои ќе се одржат на разни локации низ селото. Програмата ќе започне со слово за Андреевски, кое ќе го одржи поетот Михаил Ренџов на вечното почивалиште на писателот, закопан во родното село, а ќе продолжи со изведба на кратката програма „Шарам-барам по слоештички“, која ќе ја изведат селските деца. Следува проекција на документарниот филм „Машки муабет“ на продукцијата „Енох“, отворање на изложбата слики настанати во петгодишното постоење на Арт-поинт гумно (креативен престој за странски уметници во Слоештица) и проекција на видеоартот „Портите на Слоештица“ на американскиот сликар Дик Робертс. Манифестацијата завршува среде село со концерт на етногрупата „Љубојна“, која ќе го претстави материјалот од најновиот албум, работен по стихови на Петре М. Андреевски. |
||||||||||||||||||||||
|
|
||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: 42 Оценка: 5 | ||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||
|
|