|
|
Не нови граници, туку соработка |
|
||||||||||||||||||||||||
Решенијата за билатералните прашања во регионот не се во ирационални политики за исцртување нови граници, туку во обединување и соработка, констатираа вчера во Скопје шефовите на дипломатите на Македонија и на Албанија |
|||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||
| - Надминувањето на билатералните проблеми, етнички или гранични, треба да се одвива на истиот начин на кој беа надминати проблемите меѓу земјите-основачки на ЕУ по Втората светска војна. Тогаш не се реконструираа границите и не се градеа ѕидови, бидејќи Европа се обединуваше и се градеше на економски план. Затоа, решението не е во ирационални политики, туку во соработка за која границите ќе бидат неважни - изјави Илир Мета, министер за надворешни работи на Албанија. За таа цел на сите земји во регионот ни треба поддршка од ЕУ за да станеме дел од успешниот европски проект, се согласи македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, одговарајќи на прашање за можна нова граница и поделба на Косово. Мета ја поздрави, како што рече, мудрата политичка одлука на Македонија да го признае Косово. Мета се сретна и со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски и со претседателот на парламентот Трајко Вељаноски.
|
|||||||||||||||||||||||||
|
|
|||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: Оценка: | |||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||