|
|
Европската комисија нема да ја повлече препораката за преговори |
|
||||||||||||||||||||||||||||||
Еврокомесарот Штефан Фуле по вчерашниот состанок во Брисел изјави дека Комисијата нема да ја смени позитивната одлука за почнување на преговорите од лани, и покрај тоа што годинава забележале забавување на реформите во Македонија |
|||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
| Македонија во почетокот на годинава покажа забавување во европските реформи, но сега е вистинскиот момент земјата да продолжи со реформите во јавната администрација, борбата против корупцијата, политичкиот дијалог, независноста на судството и целосната имплементација на рамковниот договор. Ова беа заклучоците од вчерашниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација што се одржа во Брисел, од кој ќе зависи каков ќе биде есенскиот извештај за напредокот на земјава. Еврокомесарот за проширување Штефан Фуле изјави дека на состанокот барале одговор на прашањето дали реформскиот процес во Македонија забавува, или пак не. Во делот на политичкиот дијалог, ЕУ порачува дека како власта, така и опозицијата се одговорни за случувањата во Собранието. Една од клучните области во која се бараат реформи е судството, каде што било подвлечено дека треба да постои независност. Се бара и подобрување на бизнис-опкружувањето, за да може државата да привлече повеќе странски инвеститори. По вчерашниот состанок во Брисел, белгиското претседателство и Европската комисија не заборавија да потсетат дека клучно е да се затвори и спорот за името, затоа што, како што истакна Фуле, кандидатскиот статус не е замислен како чекалница без излез. Претседавачот со ЕУ и министер за надворешни работи на Белгија, Стивен Ванакере, рече дека сé уште е оптимист дека спорот за името може да се реши наскоро, со цел да се соберат плодовите и Македонија да може да ги почне преговорите со ЕУ. Шефот на дипломатијата Антонио Милошоски по состанокот изјави дека Македонија ќе продолжи конструктивно да учествува во преговорите за името со Грција. На прашање како го коментира фактот што Исланд ќе почне преговори со ЕУ пред Македонија, Милошоски одговори дека оваа држава е среќна со соседите што ги има. На забелешките на новинар од „Катимерини“ дека со ваквата изјава може негативно да влијае на преговорите Милошоски одговори: - Може да ги избереме жените, но и соседите. |
|||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: 620 Оценка: 2,67 | |||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||