Швајцарија може да помогне во спорот со името, ама никој не го побарал тоа

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Ќе продолжиме да ја поддржуваме Македонија во нејзините напори да стане членка на Европската Унија, зашто во интерес на Швајцарија е мирен и стабилен Балкан, изјави претседателката Дорис Лојтхард, по вчерашната средба со претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

 
 
  
Швајцарската помош за македонската евроатланска интеграција е од големо значење, смета претседателот Иванов, но билатералниот спор го блокира овој процес.

- Билатералниот проблем го блокира процесот на стабилизација на целиот регион, а блокирањето на членството во НАТО од Грција придонесе за откажување на најавените инвестиции во Македонија, рече Иванов.

Швајцарската претседателка Лојтхард не сакаше да даде коментар за спорот што го наметнува Грција.

-Швајцарија секогаш учествува во решавањето на конфликти и ја нуди својата помош, но за да може да го направи тоа потребно е да се поднесе барање. Досега никој до нас не поднел барање за помош во спорот со името, рече Лојтхард.

Лојтхард смета дека нерешавањето на спорот со името и неговото одолговлекување може да ги демотивира граѓаните, надевајќи се дека зачестените средби меѓу Груевски и Папандреу може да имаат позитивен исход.

Двајцата претседатели заклучиле дека нема отворени прашања меѓу државите и дека постои можност за подобрување на економската соработка.

Иванов нагласи дека македонската дијаспора, која има преку 60.000 лица во Швајцарија може да биде мост на поврзување.
 
   
 
 
   
Веста е прочитана: 398          Оценка: 4  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Знае пресидентот
Знае нашиот претседател каде да бара подршка за ЕУ и НАТО! После Азербејџан,се упати во Швајцарија.па и таму доби подршка.Кога ќе се додаде подршката што Груевски ја доби во Мароко за истата работа,мислам дека сме на влезот во ЕУ и НАТО.Уште Груевски да му избегаше на оној здодевниот Американец во Загреб,кај ќе ни беше крајот!
 
Dedo Boris Bitola
NAJPRVIN SAMI SEBE DA SI POMOGNEME.ZA SAMI DA NE SE POVREDIME.POTOA KJE GI VREDNUVAME DOBRITE I LOSHITE NAMERI NA POMAGACHITE-KOI OVOJ PAT SE IZLISHNI.
 
Musso
А Швајцарија не е членка на НАТО и на два референдума швицарски се произнесуваат против ЕУ. И сега они би “помогнале“ во Македонското “заенбување“ на пат кон НАТО и ЕУ? И ова на мак новинарите им звучи “нормално и логично“, ама само името се “реши“....
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski