Илинден, симбол на македонскиот непокор

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

„Ако не изгорам, ако не изгориш, тогаш од каде ќе има светлина“ (Аристотел)

 
 
  
Не се вратив во Македонија по повеќе од четири децении лутање по светот за да бидам вовлечен во мрежата на толпа замаглени умови покриени со пајажината на малограѓански и теснопартиски провинцијализам. Ниту пак се вратив за да го делам примитивниот страв на оние што се плашат да го дочекаат утрешното изгревање на сонцето достоинствено, со исправена глава и широко отворени очи. Не дојдов во мојата татковина со обелени коси и бразди на челото за да ги слушам лелеците на оние што чекаат некој друг од страна да им донесе поарна иднина, под услов да заборават дека во оваа земја и пред нив живееле, страдале и твореле Македонци.

Во мојава земја дојдов зашто на зрели години осознав дека во мојот земен живот од сите вредности за кои сум сонувал, сум се борел и сум се залагал, Македонија е единствена што, како Пенелопа, ми остана верна, чиста, вечна и неменлива во овој лажен свет на менливи и минливи нешта што луѓето ги ткаат на разбојот од животот. И затоа, ова што го пишувам им го посветувам на оние Македонци кои имаат доблест своите секојдневни патешествија, грижи и неизвесности да им ги подредат, барем за миг, на мислата дека нашето утре ќе биде поарно од денес единствено ако најдеме волја во нас самите тоа првин да го посакаме, а потоа да го оствариме, жртвувајќи дел од личното за доброто на општото. Македонецот не е немоќен дури и кога се чини дека целиот свет околу него го изневерува и го напушта зашто во себе отсекогаш ја носел камената стоичка сила на своите предци и од магичниот извор на македонското трагично постоење тој знаел отсекогаш да ги собере чувствата, звуците, формите, боите и зборовите и од нив да направи човечка драма што ја изразува бесмртноста на својата волја за опстанок во театарот на животот.

Во таа смисла, Илинден претставува класична македонска трагична драма што од древнина во тој театар на животот, со вистински живи херои и хероини, вистински, живи, од крв и месо, кои од примерот на својата возвишена саможртва покажувале дека ништо не е посвето од татковината, од Македонија, дека ништо не е повозвишено и поскапоцено од слободата и човечкото достоинство. Во колективната свест на повеќемилионскиот македонски народ, разлеан како грст бисери низ сите меридијани на светот, Илинден не е само државен празник и предмет на дневната политичка прагма. Во таа заедничка македонска свест, Илинден го претставува централниот мит на македонскиот вечен стремеж да загосподари со својата судбина и да биде свој на својата сопствена почва. Илинден е симбол на македонскиот непокор и вечниот копнеж на Македонецот да се ослободи од иронијата на стравот, и не само оној страв што е природен дел од човекот, туку и оној што постојано му се наметнува однадвор. Затоа, Илинден мора да биде виден и доживеан не само како 66 години асномска државност, 107 години илинденска доблест, 1.000 средновековна македонска држава на цар Самоил, или пак 2.348 години од античката победа на Филип Втори Македонецот кај Херонеа. Илинден мора да биде виден и доживеан како вечен пат на македонската ослободена и разбудена свест до самиот извор на животот, преку светлината на сонцето, до коренот на потеклото. Тоа е единствениот пат кој ние Македонците мораме да го изодиме докрај, сите заедно, водени од еден ист патоказ ако сакаме да стигнеме до крстопатот од каде што јасно ќе ја видиме нашата иднина. Тоа е единствениот пат низ кој одејќи сите ние Македонците ќе мораме да го водиме разговорот меѓу нас самите, но и со другите народи и цивилизации чии судбини и истории се испреплетуваат со нашата. Во древниот театар на животот, Илинден е приказната за македонскиот Прометеј кој поттикнат од природата на своето човекољубие, му го дарил на човештвото огинот на животот верувајќи дека самиот човек е Божји дар што живее во неговиот храм на љубовта. Тоа е приказната за македонскиот Прометеј, кој за возврат на своето големо дело, бил распнат на полуостровот што од старина го нарекувале Мореа, од Шар Планина до Белото Море, од Преспа до вечниот Пирин. Илинден, тоа се луѓето, народот, црквата, Македонците, нивните солзи, воздишки, нивниот копнеж и надеж, нивниот живот и бесмртна свест на еден трагичен, но горд и достоинствен народ чија порака останува една единствена и непроменлива: Ние сме Македонци и нашата татковина е Македонија.

 
   
Автор: Професор Нестор Огинар, Скопје-Њујорк  
 
   
Веста е прочитана: 743          Оценка: 3,23  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Драгче
Не одговори дали македонскиот јазик припаѓа на словенската група јазици! Инаку,слабо ги пратиш настаните.Пред неколку месеци,на меѓународен историски симпозиум,историчарите од цела Европа ги прифатија доказите дека Јустинијан е роден блиску до Лесковац,локцијата се вика Царичин Град или слично,не се сеќавам во моментот.Секако ,тоа не значи дека е Србин,тој е Римјанин,а територијата на Балканот во тоа време била дел од Римското царство!Многу значајна личнот е Георги Маленко!Што врска има што можеби некој предок се иселил од територијата Македонија?Тоа значи бил Македонец!!!За кои векови зборуваш,колку века се поминати од 1945?
 
Љупчо
^ Zubok, V.M. & Pleshakov, K., Inside the Kremlin's cold war: from Stalin to Khrushchev, Harvard University Press, 1996, pp. 140: "His ancestors were czarist military officers of Macedonian extraction." Ова се однесува на Ѓорѓи Маленков (по потекло на неговите од Прилепско), првиот премиер кој го наследи Стали во СССР. А за другото, ако не нзаеш не кометирај. Петар Сабатиус е роден во Таор, Скопско, а не во Лесковац. И секаде се потпишувал како Петар. А ти ако имаш проблем со овие факти, тоа си е твој проблем а не наш, на Македонците.
 
Dragce
G-dine Ljupco,tvojot komentar e povekje za vo "Osten"!Prvo,dali ti e jasno deka jazikot sto go zboruvas e od slovenskata grupa jazici.Toa e najbitnoto.Nemalo zosto Rimjanite da go zabranuvat terminot "Makedonija",duri i imale provincii Gorna i Dolna Makedonija!Posle VII vek terminot Makedonija se odnesuval za oblasta na Trakija,okolu Konstantinopii vek,za denesnata Makedonija vo Grcija.Nema Evropa sto da pravi,pa kje si igra drndupka so edna mala i beznacajna zekja.Za Justinijan e naucno e dokazano deka e roden blisku do Leskovac,vo sekoj slucaj bil Rimjanin.Toa so Stalin ti e neviden biser,ne e ni za vo Osten.Lesno e da se razbere covek so pismeni i so nepismeni ,tesko e so polupismeni! Konstantin,ako si ti Makedonec smeni si go imeto vo "Postojan"!Konstantin prevedeno od grcki znaci toa.
 
Konstantin
читател,ти не cи Македонец.
 
Костовска
Професорот Огинар упатува силна порака до нас македонците за тоа колку е важно да веруваме во себе и во тоа дека ние сме тие кои можат даи помогнат на оваа наша Македонија. Иако не сакам да верувам но конментарите на текстот покажуваат дека ние само се критикуваме меѓу себе а ништо крупно и суштински не правиме .
 
Милкс
Според најголемиот византолог, Острогорски, Самоиловото царство е Македонско. И со право. Неколкумина провокатори тука мешаат поими. Сите не-византијци биле наречени “вулгарои’’ (вулгарни, прости). Сходно Византија кога го поразила Самоил, создала “теми’’ т.е. војно-адмнистративни единици. Една таква тема со делови од териториите на Македонија, Србија, Војводина, Црна Гора и Албанија е наречена “Вулгарија’’, а народите што живеат во таа тема - Вулгари (односно Бугарија и Бугари во денешна транскрипција). Затоа Васил II Македонски многу подоцна, кога веќе биле воспоставени темите, од Византијците е наречен вулгароубиец. Е такви “докази’’ за наводни Бугари нудат тие на кои Македонскиот народ им е трн во око.
 
Љупчо
Значи, незнаењето е навистина болест која носи страдање, па дури и смрт. До сите Македонци по род, крв и свест: терминот “словени“ е најголемата небулоза и измислица на 19/20тиот век. Воведен е со цел да се приближат Македонците до Србите и Русите, и да се оддалечат од другите освојувачки народи од околните територии. Уште од времето на Римскот император Септимиу Север (193-211), името Македонија е прогонувано и издаден е императорски декрет со кој требало да се уништи секое писание кое содржи било каква асоцијација на зборот Македонец во етничка смисла на поимање. Византија потоа го прифаќа и уште поригорозно го спроведува она што го пропуштиле претходниве. Тајните се во Рим и Ватикан, ги има во Париз, Лондон и Вашингтон. Турција крие сериозни документи и не ги објавува...зошто? Зошто некој би ја криел вистината за постоењето на еден вековен народ, со милениуми. Зошто, ако не, водени од максимата “гројзето е зелено...“ па не можејќи да го достигнат, уништи ги, или држи го под вода...за да немаат здив и не се самоосознаат и продолжат со своето славно минато. Но, 21 век е век на знаење и нема сила која ќе го задржи Македонецот да исплива повторно на површината со својот гениј за големи достигнувања. Името на Јустинија први, наречен по посвоителот, царот Јуст, му било Петар Сабатиус (во Римско сите завршувале на “с“), родум од Таор, Скопско, чист Македонец по крв и род, никогаш не осознаен, зашто од дете земен и школуван далеку од родниот крај. Ај проверете колку императори во Византија, само биле родум од овие подрачја, колку генерали Македонци се денес во Бугарската армија на пр. (кои исто имаа забуна во свеста што се по род и крв). Првиот премиер на тогаш моќниот Советски сојуз под Сталин бил чист Македонец по род и крв, од Прилепско. Уште колку неброени наши по род и крв му донеле на светот силни дострели на умот и напредокот, а не знаеме за нив? Трагајте, читајте и не застанувајте, ќе го видите Маекдонскиот гениј низ вековите. Проклетството што имаме долг период на прекин и ништење на родот, е грешка во нашиот однос кон и со Бога низ вековите, и за тоа страдаме. Но, сега и тоа дојде на ред, и ќе го вратиме нашиот вистински однос кон Бога и ќе се врати вистината на овие простори. А од душмани, предавници, кодоши и одродени платеници на овие или оние, секој дозна дека никој нема корист повеќе, и како истрошени партали ќе ги остават во некој контејнер да гнијат во нивната мизерија.
 
Brej
"Што се однесува до нас, ние сме дел од тие словенски народи. Не сме ни Бугари ни Срби. Ние сме посебен народ кој долги векови живеел без свое име и држава, но 1944 година, успеал да формира своја држава Македонија и конечно бил признаен за она што е, а тоа е македонски народ, кој никогаш не бил ни српски ни бугарски. Дали сега е јасно дека ние не сме ни Срби ни Бугари туку МАКЕДОНЦИ ???" Malce sizofrenicno mi se cini:) 100 000 gidini u nelegalnost da jivee cel edin narod za prv pat cuvam:)
 
читател
Го молам и BRISEL , а и сите други, да ги читаат коментарите така како што се напишани. Јас напишав дека Е ОПРАВДАНО царството на Самоил да се нарече царство на македонските Словени. Оправдано е затоа што војската ја сочинувале македонските Словени, а престолнината била на територијата на македонските словени. Но Самоил неоправдано ја присвоил Бугарската царска круна, поради што неговоте царство е наречено Бугарско, а населението Бугари. Василиј Втори, убивајќи ги војниците на Самоил е наречен Бугароубиец, а кога го уништил ова царство и го припоил кон Византија, територијата на која се наоѓало Самоиловото царство ја нарекол Бугарија, а вистинската Бугарија ја нарекол Парастион и Парадунавон. Во тоа време, уште од 7-ми век, со името Македонија се нарекувала територијата на Тракија, и затоа византискиот цар Василиј Први кој е роден на таа територија ( околу Едрење ) е наречен Македонецот, како и династијата која следи после него, е наречена Македонска. Името Македонија е отсутно од овие наши простори се` до продорот на хуманизмот и ренесансата, кон 16 и 17 век. Значи Самоил поради Бугарската круната која ја узурпирал, е наречен Бугарски цар, неговото царство поради Бугарската круна Бугарско, населението, пак поради Бугарската круна, Бугари. А што се однесува до писменоста во тоа време, таа се однесувала на сите Словени и е наречена Словенска писменост, а просветителите се наречени Словенски, или сесловенски просветители. Што се однесува до нас, ние сме дел од тие словенски народи. Не сме ни Бугари ни Срби. Ние сме посебен народ кој долги векови живеел без свое име и држава, но 1944 година, успеал да формира своја држава Македонија и конечно бил признаен за она што е, а тоа е македонски народ, кој никогаш не бил ни српски ни бугарски. Дали сега е јасно дека ние не сме ни Срби ни Бугари туку МАКЕДОНЦИ ???
 
PELAGIJA ,Ohrid
Da doplonam .Teorijata deka Samoil e Bugarski Kral , e mnogu VAZNA TEORIJA za Bugarite , koja denes im davat za pravo da se SETAAT niz Albanija,Grcija , Bugarija ,Srbija i sl. KAZUVAJKI deka TAMU NE POSTOJAT MAKEDONCI , tiki toa se NIVNITE BUGARI . (mnogu lesna teorija , procitana stotina pati,..no tie smetaat deka upornosta ke donese rezultat). Dokolku Makedonija pocnuvat 0d 1945 godina , omilena teorija na Bugarite , togas sve sto e pred toj period e nivno. Ne gledaat sami da se sredat ,vo sekoj pogled se vo sve posledni vo Evropa i nekadarni za nisto, taka iskompleksirani pravat problem tamu kade sto nemat ni potreba od toa , dokazuvajki gi svojite mani i negativnosti. Zemja koja ne vetuvat mnogu vo idnina. Vo posledno vreme sve poveke Makedonija svakat deka bifsite JU drzavi , vo idnina ke bidat najdobrite Makedonski partneri vo sekoj pogled, Bugarija ,zaedno so citatelot i slicni na niv , ke ostane na MAGARESKATA KLUPA.
 
Хаг
Ако Самоил не одел во Бугарија,каде ја грабнал бугарската круна?Каде е Ихтиман,каде се одвивала битката на Беласица?Најново откритие е дека Самоил е Егеец,бидејќи сега испадна дека престолнината му била во Воден и Преспа!!! Престолнина му бил Охрид и ништо друго.Во околината на Прилеп починал,бегајќи со помош на син му Гаврил Радомир од Беласица!
 
Љупчо
Мислам од провокации нема крај. Се додека се криете зад магловити имиња и немате храброст да се покажете кој сте, подобро и да не коментирате вакви глупости и двајцата (и читател и војникот). Зашто, сите знаеме дека го криете својот идентитет кој никако не е македонскиот. Македонецот ниту е ниту бил словен, тоа е измислен поим од српско-руска провениенција. Примеси од мешање со други народи имало низ историјата, но тоа се незначителни промени. Теоријата за словените на Балканот никогаш не ја докажа науката, се е претпоставка и затоа престанете со неа. Македонецот е Македонец од дамнина и така ќе си остане, Затоа, ве молам, поштедете не нас Македонците, кои сме по крв и по свест тоа од дамнина со генерации, од вакви провокации и небулози.
 
BRISEL
Citatelot ne otstapuvat od svojata sekojdnevna obvrska "casot e 9 " seuste nemat dokaz deka sme Bugari , toj mora toa da go povtorit. SAMOIL JA IMAT PRVATA PRESTOLNINA VO VODEN , POTOA VO PRESPA ,PA VO OHRID I NA KRAJ VO PRILEP. vojskata e sostavena od ovie kraevi , naselenieto koe go podrzava e od istiot kraj , oficerite i blagorodnicite se od toj spomenat kraj, isto i crkavata i pismenosta patuvat so nego ,od Voden do Prespa ,i od Ohrid do Prilep. NIKOGAS NE VOJUVAL I NEMAL POTREBA DA ODIT VO BUGARIJA , no sepak spored citatelot , SAMOLI NE BIL SVESEN ZA NEGOVATA PRIPADNOST VO TOA VREME , CITATELOT ZNAE POVEKE OTKOLKU SAMOIL ZA SAMIOT SEBE. (teorijata e ednostavna , ako Samoil nee Makedonski Kral , nemat Makedonska drzava, Makedonska crkva,Makedonska pismenost,Makedonska prerodbenost ,..sto znacit nemat kontinuitet). Mi se smaci od citatelot , na koj Nova Makedonija mu davat sekoj den udarno mesto , dodeka nasite komentari gi smetat za nesoodvetni.
 
Dedo Boris - Bitola
Do "stotiot&chitatel": Ne vi teknuva li deka pochituvaniot profesor,nesaka da ja rasipe slikata za Makedonija so "janichari?!
 
Професор Огин Несторовски
Тоа е приказната за македонскиот Прометеј, кој за возврат на своето големо дело, бил распнат на полуостровот што од старина го нарекувале Мореа, од Хималаи до Тихи океан, од Преспа до Ванувар. тоа се луѓето, народот, црквата, Македонците, нивните солзи, воздишки, нивниот копнеж и надеж, нивниот живот и бесмртна свест на еден трагичен, но горд и достоинствен бугарски народ чија порака останува една единствена и непроменлива: Ние не сме Македонци и нашата татковина не е грчката Македонија.
 
Стотиот Самоилов војник
Ако Филип бил Македонец,што бил Самоил?Што бил Василиј II Македонецот и дали тој против Самоил водел братоубиствена војна?Зошто по победата над Самоил,бил наречен Бугароубиец?Секоја чест за љубовта кон Македонија,но треба да се љуби и вистината! Авторот е поетски расположен,па го присвоил и Прометеј!Чекам каде ќе ги смести Зевс и компанијата,па после да прејде на диносаурусите и амебите!
 
читател
По содржината на текстов можеме да заклучиме дека авторот потпишан како професор, не е професор по историја, а по поетскиот стил, би рекле дека е професор по книжевност. Му благодарам за убавите зборови за Македонија и македонците, но не би сакал својата голема љубов кон нашиот народ да ја троши на представници на други народи. Царството на Самоил оправдано можеме да го наречема царство на македонските Словени, иако Самоил ја присвоил бугарската круна, па според тоа царството е наречено Бугарско, а македонските Словени - Бугари. Професорот Огинар, Филип Втори го нарекува Македонец , и го вбројува во македонските Словени. Добро е што професорот очигледно не слушнал за Василиј Први Македонецот и Василиј Втори Македонецот ( кој по борбите со цар Самоил е наречен Бугароубиец ), инаку и нив ќе ни ги представеше како припадници на нашиот народ.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski