Нема да има македонска делегација во „Прохор Пчињски“

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Според неофицијални информации, потврдата на затворската казна на Јован Вранишковски ги поколебала политичарите да не го посетат манастирот, како и можноста тој да се појави таму

 
 
  
Официјална македонска делегација нема да присуствува на чествувањето на Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Свети Прохор Пчињски“. Ова вчера го потврдија од Владата и Собранието, откако завчера од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов изјавија дека тој ќе учествува само на прославата во меморијалниот центар “Пелинце”, кој се наоѓа на само пет километри од манастирскиот комплекс.

- Премиерот Никола Груевски ќе се обрати на Мечкин Камен во Крушево. Не е планирано делегација од Владата да присуствува во манастирот „Свети Прохор Пчињски“ - објаснуваат од Владата.

И Трајко Вељаноски, претседателот на Собранието, нема да се појави на ниту една локација каде што ќе се прославува празникот, зашто тоа не било во неговата агенда, поради ротирачката посета на функционерите.

Според неофицијални информации, потврдата на затворската казна на Јован Вранишковски ги поколебала политичарите да не го посетат манастирот, како и можноста тој да се појави таму.

Од врањската епархија, под чија надлежност е манастирскиот комплекс, вчера цел ден имаа состаноци, на кои било разговарано за евентуалната прослава на 2 август, како и можноста македонска делегација да влезе во „Свети Прохор Пчињски“. Оттаму се зачудени зошто досега никој не контактирал со нив за одобрение за влегување во манастирот.

Лани манастирот го посетија Трајко Вељаноски, претседателот на Собранието, и Антонио Милошески, министерот за надворешни работи.




Апелациски суд: Пресудата за Вранишковски не е темпирана

Од Апелацискиот суд, кој пред една недела ја потврди затворската казна од две и пол години на Вранишковски, велат дека донесената пресуда не била планирана и темпирана со прославата на 2 август во манастирот „Свети Прохор Пчињски“.

- Ги отфрлам шпекулациите дека пресудата на Вранишковски била планирана со одбележувањето на празникот. Предметот требаше и порано да се реши и беше во редовна процедура. Адвокатот на Вранишковски веќе најави дека ќе бара преиспитување на одлуката на судот - објасни Јордан Митриновски, претседател на Апелациски суд во Скопје.

 
   
Автор: Р.З.  
 
   
Веста е прочитана: 217          Оценка: 4,2  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Каракачанов
Ајде, потсети ме како си поминав?
 
sale
ako nema delegacija od Makedonija da odi naSveti Prohor Pcinski, kade ke odi za proslavata na Ilinden Makedonskiot ambasador sto e vo Srbija ?
 
Зад грб
Србија зад грб ни игра со Вранишковски заедно со Грција. Срамно и злобно. До ДПС- Ако го сретнам Јован на ваше собрание тој со мене ке помине исто како еднаш Каракачанов. Јас си ја знам вистината за Македонија и нема издајник како него лесно покрај мене да помине. Еден негов подржувач во мантија незнаеше да одговори на моите прашања за Македонија. Значи тотални издајници. А на прохор браво до владата што не ги моли. секоја година циркус беше.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski