Задачите по математика да се решаваат на дигитрон


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Владимир Николоски
Патриотски сметки, ново продолжение
Иако нема ништо спорно во владините намери да им се даде поддршка на македонските производители на тој начин што граѓаните ќе се поттикнуваат да купуваат домашни производи, неизбежно се поставува прашањето дали и како во Македонија ...
 
Мирка Велиновска
Залудно потрошено време
Сакам да ја прашам Владата кого го претставува во Атина оној малиот од ДУИ? По ланскиот скандал во Слупчане, кога во својство на министер за одбрана се клањаше на паднати учки, а никогаш не се идентификуваше со убиените и ликвидираните ...
 
Ивица Боцевски
Македонските Албанци и прашањето за името
Доколку етничките Албанци во Македонија се решени да продолжат да ја градат Македонија како заедничка држава на сите нејзини граѓани, тогаш тие немаат никаков друг избор освен целосно да го прифатат и да го почитуваат ставот ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Дозволено е користење молив и хартија за предметите математика, физика и хемија. Молив, хартија и дигитрон, пак, се дозволени за следните стручни предмети за средношколците: електротехника, електротехнички материјали и елементи, електрични мерења, автоматика, програмирање - Емилија Угриновска

 
 
  

БАРАЊА НА РОДИТЕЛИТЕ ПРЕД ПОЛАГАЊЕТО ЕКСТЕРНИ ТЕСТОВИ

Нејасно е како учениците ќе полагаат задачи по математика и по физика на компјутер. Тие ќе имаат прашање и неколку понудени одговори и не ни е јасно како да заокружат одговор за кој ќе мислат дека е точен, без помош од дигитрон. Одговорните објаснуваат дека основците што ќе ги полагаат овие два предмета не смеат да користат дигитрон, туку само хартија и молив.

Ова се дилемите што ги имаат родителите на некои деца, на неколку недели пред полагањето екстерни тестови. Некои наставници по математика и по физика, пак, од друга страна, негодуваат што досега не виделе како ќе изгледа еден тест и со каква тежина ќе бидат прашањата за да знаат на што да се фокусираат кога вежбаат на дополнителните часови со учениците.

- Во разговор со други родители се наметна прашањето како децата ќе ги решаваат задачите по математика или по физика. Ни рекоа дека сите прашања ќе бидат со заокружување, па не ни е јасно како ќе одговараат кога за тоа треба решавање - реагира родител на шестоодделенец.

Во Државниот испитен центар објаснуваат дека од школски прибор децата ќе може да имаат лист хартија и молив, каде што ќе можат да решаваат задачи пред да заокружат некој од понудените одговори.

- Дозволено е користење молив и хартија за предметите математика, физика и хемија. Молив, хартија и дигитрон се дозволени за следните стручни предмети: електротехника, електротехнички материјали и елементи, електрични мерења, автоматика и програмирање. Комплетната листа на сите стручни предмети е објавена на веб-страницата на Министерството за образование и наука - појаснува Емилија Угриновска, претседателка на работната група за електронско екстерно тестирање.

Според наставниците по математика и по физика што ги контактиравме, не е проблем ако тестот по овие предмети содржи прашања со заокружување.

- Концептот на заокружување по овие предмети е изводлив и не е спорен. Нема никакво влијание ниту ако децата користат дигитрон при решавањето на задачите. За средно образование, пак, да не зборувам, таму материјата е посложена и задолжително е потребен дигитрон. Пред да пратите војник на фронт, тој треба да е подготвен, да вежба. Така е и овде. Ние, наставниците, не знаеме каков тест ќе се даде, со каква тежина ќе бидат прашањата. Досега на пробните тестирања немаше тестови по ниту еден егзактен предмет, што сметам дека не е во ред - ни изјави наставник по математика што работи во основно училиште.

Екстерно тестирање ќе полагаат сите ученици од четврто одделение до трета година средно. Полагањето ќе трае од 27 овој месец до 10 јуни. Секој ученик ќе полага најмногу два предмета, кои ќе бидат избрани по случаен избор, а кои ќе бидат тие ќе се знае најдоцна седум дена пред полагањето. За секое прашање ќе има неколку понудени одговори. Тестот ќе содржи прашања од материјалот за конкретниот предмет, кој учениците веќе го учеле во текот на учебната година.

Екстерното тестирање се најавува како новина неколку години наназад. Тоа треба да покаже дали оценките што ги пишуваат наставниците во текот на годината се објективни или не. Оценките од екстерното ќе влезат во свидетелствата во посебни графи и ќе влијаат на средниот успех на ученикот. 

 
   
Автор: Антонија Поповска-Христов   Фотографија: Маја Јаневска-Илиева
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 340          Оценка: 1,67  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski