|
|
Софија во лов на последните Бугари на Македонија |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Бугарските власти отворено зборуваат дека со законски измени планираат да го зголемат бројот на Македонците што ќе добијат бугарско државјанство, но и да го уништат бизнисот на посредниците што вадат добра заработувачка од бугарските пасоши |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Македонците ќе можат да добиваат бугарско државјанство за помалку од една година, наместо за четири до пет години, како што беше досега. Со ваквите законски измени, кои наскоро треба да ги изгласа бугарскиот парламент, властите од соседната земја планираат да го зголемат бројот на Македонците што ќе извадат бугарски пасоши и да го уништат бизнисот на посредниците во Македонија, кои ќаруваат стотици евра за вадење на документите. Измените ги најави Рајна Манџукова, директорка на бугарската Агенција за Бугари во туѓина, која во изјава за бугарскиот весник „Новините“ отворено ги кани Македонците да си извадат бугарски пасоши затоа што не им треба ништо повеќе освен да потпишат изјава дека се чувствуваат како Бугари! - Многу е лесно да се добие пасош. Таксите се многу евтини и чинат околу 300 лева или околу 150 евра и апликантот не мора да биде во Бугарија, туку може да оди во бугарската амбасада - вели Манџукова. Наспроти строгите правила на Европската Унија што важат за вадење државјанство за земјите-членки, Манџукова вели дека секој Македонец што има словенско потекло може да добие бугарско државјанство. - Потписот во документот е првиот чекор кон формирање бугарска свест - вели директорката на Агенцијата за Бугари во туѓина. Таа одрекува дека Македонците вадат бугарски пасоши само за да добијат карта за во Европа и вели дека бројот на апликантите за бугарско државјанство не се зголемил по влегувањето на Бугарија во ЕУ во 2007 година. - Навистина, некои од нив не се чувствуваат Бугари, но веруваат дека бугарската држава може да ги заштити - вели Манџукова. Таа објаснува дека со измените во Законот за државјанство имаат цел да ги искоренат посредничките бизниси што се појавиле во Македонија со луѓе што собираат стотици евра по човек за предавање на документите. Манџукова вчера не одговори дали нејзината отворена покана до Македонците да вадат бугарски пасоши е во спротивност со политиката на ЕУ за издавање државјанство на странски државјани. „Новините“ уште објави дека од 2001 година околу 20.000 Македонци добиле бугарски пасоши. Во текстот, кој личи на реклама за вадење бугарски пасош, се објавени изјави од двајца Македонци што ги почувствувале „благодатите“ од тоа што се изјасниле дека се Бугари. „Новините“ наведува: „Оливер Водасов, роден во Неготино, успеал да направи нешто за кое многумина Македонци сонуваат - изградил успешна кариера во Софија, главниот град на Бугарија, членка на ЕУ“. Весникот уште наведува дека „иако Македонија не е членка на ЕУ, Водасов може слободно да работи како адвокат во Бугарија откако добил бугарско државјанство“. - Бугарија е единственото место во светот каде што ние, Македонците, не се чувствуваме како граѓани од втор ред. Дали мислите дека ќе работев како адвокат ако емигрирав во Германија - вели Водасов. „Според бугарските правила, можеби две третини од македонската популација од два милиони граѓани можат да бидат квалификувани да добијат бугарско државјанство“, пишува „Новините“.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: 2950 Оценка: 3,23 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||