|
|
Во Голо Брдо ги тепаат учениците за да не учат македонски |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Планирано беше мајчиниот јазик да го изучуваат околу 1.000 деца од предучилишна и училишна возраст. Успеавме да вклучиме само 400 деца. Притисоците го направија своето. Нонсенс е во ова време, во држава што Европа ја нарекува демократска, да се рушат човековите права. Да не се дозволува Македонците да си го учат мајчиниот јазик - Едмонд Османи, „Македонска алијанса за европска интеграција“ |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Албанските државни институции и поединци продолжуваат со притисоците за прекинување на курсевите по македонски јазик во Голо Брдо и другите четири места, каде што преку невладината организација „Нé има“ од Прилеп веќе два месеца Македончињата го изучуваат мајчиниот јазик во Албанија. Едмонд Османи од Голо Брдо, претставник на партијата „Македонска алијанса за европска интеграција“, посочува дека секој ден родителите на 200 деца што го посетуваат курсот добиваат најразлични закани. - Кај малите деца од предучилишна и училишна возраст голем е интересот да го учат македонскиот јазик. Околу 200 деца во Голо Брдо учат мајчин јазик, но секојдневно, тие лично или нивните родители се соочуваат со притисоци за прекинување на наставата, која патем се одвива во приватни простории. Директорите на училиштата, професорите ги тепаат децата, им ги намалуваат оценките, ги малтретираат родителите. Под постојана пресија се. Почнаа да доставуваат писма до општините, до државните безбедносни органи, за спречување на наставата по македонски јазик. Состојбата веќе станува неиздржлива. Го информиравме ОБСЕ. Сé уште немаме повратна информација. Ќе се обратиме и до сите надлежни европски институции за заштита на човекови права. Ќе им кажеме дека во Албанија на Македонците не им се дозволува да го учат мајчиниот јазик, дури и на приватни часови. Дали е тоа демократија - вели Османи од Голо Брдо. Тој посочува дека состојбата е полоша во Гора, каде воопшто не успеале да почнат курсевите по македонски јазик, токму поради притисоците на поединци и државни институции. Курсевите по македонски јазик пред два месеца ги почна невладината организација „Нé има“ од Прилеп, која одржа и обуки за наставници. Со проектот, кој е поддржан од организацијата „Ис Вест“ од Белгија, курсеви се организираат во Тирана, Гора, Голо Брдо, Корча. - Планирано беше мајчиниот јазик да го изучуваат околу 1.000 деца од предучилишна и училишна возраст. Успеавме да вклучиме само 400 деца. Притисоците го направија своето. Бараме македонското МНР да реагира. Нон сенс е во ова време, во држава што Европа ја нарекува демократска, да се рушат човековите права. Да не се дозволува на Македонците да си го учат мајчиниот јазик. Ќе ги известиме во „Ист Вест“ за состојбите во Албанија. Ќе контактираме со НВО „Реалитети“ од Тетово, тие да апелираат до албанската Влада дека е потребен меѓукултурен дијалог, каков што го има во Македонија - вели Борис Темоски, од здружението „Нé има“. Проектот за изучување на македонскиот јазик преку курсеви во Албанија го поддржа и македонската влада. Во Албанија според процените живеат околу 150 илјади Македонци, од кои околу 20 илјади има во Голо Брдо. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: 1247 Оценка: 4,09 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||