Ќе се увезуваат и стари камиони, автобуси и приколки

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Министерот за економија Фатмир Бесими вчера стави параф на новите правила, со кои во првите шест месеци ќе се дозволи увоз на употребувани возила со ЕУРО 1-емисиони стандарди

 
 
  
Македонските граѓани во период од шест месеци ќе можат да увезат употребувани возила што ги исполнуваат ЕУРО 1-стандардите, а во наредните 6 години возила што ги исполнуваат ЕУРО 2-емисионите стандарди. Ова се новите правила за увоз на употребувани возила што вчера ги одобри министерот за економија Фатмир Бесими. Новите услови произлегуваат од правилникот за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата и правилникот за единечно одобрување на возило, кои се дел од Законот за возила.

Покрај патничките возила, со правилникот за единечно одобрување на возило се опфатени и возилата од категориите: М (за превоз на патници), Н (за превоз на стоки) и О (приколки). Новина во правилниците е дека увозниците на возила претходно ќе треба да ја спроведат царинската постапка, а потоа да извршат проверка на сообразноста на возилото (хомологација). Во случај увозникот да не добие позитивна оцена за сообразност (хомологација), средствата за спроведување на царинската постапка ќе му бидат вратени.

Во Министерството за економија вчера информираа дека со усвојувањето на овие подзаконски акти се овозможува спроведување во практика на одлуката на Владата за олеснување на условите и постапките за увоз на користени автомобили и легализација на автомобилите со странски регистарски таблички во земјата, со што ќе им се помогне на голем број граѓани да ги заменат своите стари возила, кои важат за големи загадувачи на животната средина, со понови.

- Со тоа воедно значително ќе се подигне просечната старосна граница на возниот парк во земјата, ќе се влијае на зголемување на безбедноста во сообраќајот, како и на унапредување на квалитетот на животната средина - соопштија вчера во Министерството.

Правилниците стапуваат во сила веднаш по објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.





СДСМ: Да нема акциза за половните возила до 2.000 кубни сантиметри

Собранието на Република Македонија во продолжението на утврдувањето на дневниот ред на 92. седница не го прифати предлогот на повеќе пратеници од СДСМ за ставање на дневен ред на измените на Законот за акцизи по итна постапка, пренесе МИА.

Пратеникот Игор Ивановски од името на предлагачите рече дека не се согласува со мерката на Владата да се овозможи увоз на постари половни возила за да можат граѓаните да го обноват возниот парк.

- Предлогот на Владата нема никаква логика и нема реално да овозможи подобрување на возниот парк и на животната средина. И досега проблемот лежеше во големите зафаќања што ги прави Владата при купување половно возило, кои се движат од 50 до 70 отсто од цената на возилото - рече Ивановски.

Според него, царинската постапка за царинење стари возила е погрешна, бидејќи и акцизата се става во основицата за оданочување на половниот автомобил.

- Од таа причина предлагаме измена на Законот за акцизи во кој ја гледаме клучната причина зошто граѓаните не купуваат половни возила. Предлагаме за половните возила од 900 до 2.000 кубни сантиметри да нема акциза, за автомобилите од 2.000 до 2.500 кубни сантиметри да се намали акцизата за 1.500 евра, а да се зголеми акцизата за џипови и луксузни возила - рече Ивановски.
 
   
Автор: В.Н.  
 
   
Веста е прочитана: 641          Оценка: 2,56  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
marjan.a
ivanovski pravilno razmisluva inaku e dzabe,siromaviot ne kupuva dzipovi i slicni avtomobili
 
Професорот Алтан
Минтата недела НАЈНЕКОМПЕТЕНТНИТЕ лица на оваа тема разговараа во емисијата „Отворено со народот“. Од емисија во емисија се послаби и послаби гости му гостуваат, или тој не знае да ги одбере гостите или поканетите компетентни гости не му доаѓаат. Г-дин Томиќ, жити бога кај ги најде, или кој ти ги препорача гостите во емисијата за увоз на користени возила?!?! Освен претставникот на увозниците на нови возила и директорот на царинска управа, другите гости изгледа дека само знаат да се качат во кола и да се возат. Најслабите гости Сашо Цветановски и Димитар Паранаџиевски по се изгледа дека дошле само да се сликааат, за да можат нивните родители да се пофалат кај комшиите како нивните деца се појавиле на националната телевизија. Народе божји, самобендисаниот државен чиновник Димитар Парнарџиев, кој прима плата од народот, дошол да ни држи предавања што е разликата при кочење со ново и користено возило пред пешачки премин?!?! Дали тој воопшто знае што значи зборот ХОМОЛОГАЦИЈА на возила и кој му е основниот законски основ по кој треба да постапува како задолжен државен службеник?!?!
 
Petre-1
Mојот пријател има фијат мареа 1.9 ТД караван 1999 година и го вози со странски таблички. Иако колата е во многу добра состојба, нејзината цена во Италија е околу 1000 а во Бугарија 1400 евра(заради транспортот и заработувачката на буг. траговец). Сега сака да ја регистрира во Македонија но ја прави следнава калкулација: цена по шваке (основа за царинење) 1500 евра. Царина 2%=30 евра, хомологација 100 евра, шпедитерски и царински давачки за документација 100 евра, акциза 1750 евра. Се’ ова 1980 евра. На овој износ 18% ДДВ 357 евра,или вкупно давачки 2.337 евра на кола која чини 1000 евра. Ако математиката му е точна тогаш е апсурдно да се очекува дека некој ќе увезе кола под овие услови. Молам некој кој знае повеќе за давачките да ме поправи ако има грешка во горната калкулација
 
cile
se mi se cini ce zavrsime vo sk da se vozime vo stari avtobusi hahaha grujo lazov prva klasa a narod glup se mu veruva hahaha.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski