|
|
Албанија молчи по скандалот со забраната за македонскиот јазик |
|
||||||||||||||||||||||||||||||
Ниту една институција во Албанија не одговори на нашите прашања, иако Сали Бериша јавно се заложи за зачувување на македонскиот јазик |
|||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
| Освен ОБСЕ во Тирана и Советот на Европа, ниту една друга институција вчера не реагираше на скандалот со забраната за изучување на македонскиот јазик во Голо Брдо. За случајот не извести ниту еден албански медиум. Единствено ОБСЕ во Тирана најави дека ќе го испита случајот. - Ситуацијата е сосема поинаква кога станува збор за проблемите на Албанците во Македонија. Медиумите во Тирана дури не сакаат ни нашите соопштенија да ги објават - вели Васил Стерјовски, член на невладината „Илинден“, која ги одржува бесплатните курсеви по македонски јазик за околу 200 Македончиња во областа Голо Брдо. Општинарите од Требиште во Голо Брдо дошле до документ од регионалната директорка на Министерството за образование, во кое таа бара од локалните власти да преземат мерки против оние што незаконски ги држат курсевите по македонски јазик. Овој документ вчера редакцијата на „Нова Македонија“ го испрати во Министерството за образование на Албанија, Министерството за европска интеграција чија министерка Мајлинда Брегу е и портпаролка на Владата, како и до Амбасадата на Албанија во Скопје. Од никаде не добивме одговор иако ни беше ветено. Слушалката не ја крена ни авторката на скандалозното писмо Миранда Курти. Сепак, некаква реакција се очекува од канцеларијата на ОБСЕ во Тирана. Гркинката Јоана Карапатаки, прес-офицер на ОБСЕ во Тирана, од нас го побара спорниот документ за да ја испитаат целата работа. Вчера немаше и реакција од македонското министерството за надворешни работи. - Немаме коментар засега. Ќе видиме како ќе се развива случајот, па потоа ќе одлучиме како ќе постапиме - вели Петар Чулев, портпарол на МНР. Македонците од Албанија сметаат дека албанската влада сака да го забрани македонскиот јазик во Голо Брдо и на север во албанскиот дел од областа Гора, бидејќи е под притисок на Европската Унија на пописот во 2011 година да се вметне графа и за етничката припадност на малцинствата. |
|||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: 901 Оценка: 4,52 | |||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||