|
|
Властите во Солун им бараат на Македонците визи за Кипар |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Грчките граничари на солунскиот аеродром не и дозволиле да влезе во Кипар на сопругата на македонскиот фудбалски репрезентативец Славчо Георгиевски |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Грчките гранични власти вчера не и дозволија да влезе во Кипар на сопруга на македонски фудбалер што игра за кипарски прволигашки клуб, со образложение дека мора да има виза! Со визните бариери на солунскиот аеродром „Македонија“ деновиве се соочил уште еден македонски државјанин, кој во телефонски разговор со македонскиот конзул се пожалил дека грчките граничари не му дозволуваат да влезе во Кипар. И покрај тоа што од јануари годинава македонските државјани можат да патуваат без визи, сопругата на македонскиот фудбалски репрезентативец Славчо Георгиевски, кој игра за кипарскиот прволигаш Етникос од Ахна, не успеа да замине во посета на сопругот затоа што грчките гранични власти и барале виза. Ваквото искуство на Невена Георгиевска и се случило во Солун, од каде што со осуммесечната ќерка требала со авион да замине во кипарскиот град Ларнака за да го посети сопругот. Иако Георгиевска и нејзината ќерка имале биометриски пасоши и гарантно писмо дека ќе престојува кај сопругот, грчките гранични власти не им дозволиле влез во соседната држава со објаснување дека Кипар од пред неколку дена има нова визна политика кон Македонија. - Грчките граничари на сопругата и кажале дека кипарските власти им се заканиле дека ако пуштат Македонец без виза ќе плаќаат пенали. Не разбирам во што е проблемот. Сите документи ги имаме, а сега наеднаш им бараат виза - изјави револтирано македонскиот репрезентативец Георгиевски. Тој објаснува дека десетина дена претходно пријателка на друг фудбалер без проблем успеала да влезе во Кипар, а неговата сопруга заедно со ќерката вчера била принудена да преноќи во Солун и денеска да бара виза во кипарската амбасада. Од кипарското МНР, пак, се изненадени од случајот и тврдат дека немаат нова визна политика кон Македонија што е спротивна на одлуката за укинување на визите што ја донесе ЕУ. - Граѓаните што имаат биометриски пасош можат да влезат во земјата без виза. Затоа, изненаден сум од ваквиот случај. Грчките власти може да нé контактираат и ќе им кажеме дека на вашата државјанка не и треба виза за да влезе во Кипар - изјави за „Нова Македонија“ Самуел Димитрис, прв секретар во одделот за конзуларни прашања во кипарското МНР. Од МНР рекоа дека не се запознаени со случајот. Македонскиот конзул во Солун, Томислав Димитровски, рече дека не е запознаен со случајот на Георгиевска, но информираше дека уште еден македонски граѓанин деновиве се пожалил телефонски дека грчките граничари не му дозволуваат да влез во Кипар без виза. - Македонските државјани не ги прибавуваат ваквите случаи затоа што најверојатно се плашат од понатамошни реперкусии. Треба да ги пријават случаите за да можеме официјално да реагираме. Сепак, ова е веќе втор случај и ние ќе се обратиме до МНР - вели Димитровски. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: 1270 Оценка: 2,57 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||