|
|
Граѓаните не ја разбираат владината политика за името |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Македонските граѓани не ја разбираат владината политика за спорот со името. Над 60 проценти не знаат која била црвената линија што ја споменува државниот врв, ниту што е разумен компромис, а речиси 70 отсто воопшто не знаат што бара Грција, покажува последното истражување на „Транспарентност - нулта корупција“ |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| - Граѓаните мора да знаат за што зборуваме, да ги знаат јасно нашите ставови. Мора да знаат јасно во што конкретно е проблемот и кои се прашањата што се третираат во рамките на тие преговори, но на граѓаните мора да им се овозможи да ги слушнат сосема коректно и објективно и ставовите на другата страна - вели Слаѓана Тасева од НВО „Транспарентност - нулта корупција“. И покрај тоа, секој втор граѓанин во земјата е убеден дека компромисот би значел и промена на македонскиот национален идентитет, при што перцепциите на Албанците и на Македонците се сосема различни. Безмалку 80 отсто од Македонците не би прифатиле промена на името за членство во НАТО и ЕУ, а повеќе од 80 отсто од Албанците сметаат дека името треба да се промени. Две третини од Македонците не би прифатиле промена ниту со гаранции дека нема да се чепка во јазикот и идентитетот, за разлика од 90-те проценти Албанци што би се согласиле со овие услови. - Гледаме една исклучително голема разлика помеѓу најголемите национални групи што живеат во Република Македонија, по однос на ова клучно прашање. Како да се создава некоја слика дека се живее во два паралелни света - рече Тасева. Повеќе од половина Македонци веруваат дека спорот нема да се реши, а 40 отсто од Албанците се сигурни дека решение скоро ќе има. Заедничко им е што и едните и другите се согласиле дека не располагаат со доволно информации ниту за ставовите на македонската, ниту пак за оние на грчката страна. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: 338 Оценка: 3,29 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||