„Ауди А4“ повторно е најдобар


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Игор Даниловиќ
Гаферот Берлускони и комичарот Грило не ја насмеаја ЕУ
Во Италија веќе се зборува за нови избори. Проблемот е што ЕУ нема време за чекање. Финансиските пазари реагираат на секој потег. Брисел, наместо еден, доби двајца непријатели во Рим. Берлускони и Грило се разликуваат во многу ...
 
Петар Шкрбина
Странските вложувања во поширокиот регион на Балканот (1)
Русија ја презеде улогата на американски воен и разузнавачки сојузник на САД во евроазискиот регион, а со тоа доби одобрение за враќање на своите интересни сфери. Посебна причина за тогашниот став на САД кон Руската Федерација ...
 
Милан Банов
Урбанизам и нихилизам
Кога лудата урбанистичка атака, кога тој уривачки порив и нихилистички пламен, небаре Пиколомини, ќе почне да ги ништи спомените, препознатливоста, посебноста, традицијата, историјата, па ако сакате и идентитетот, тогаш тоа не ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

„Ауди А4“ повторно се најде на врвот според извештајот на „Декра“ за користени автомобили со најниска стапка на грешка за 2012 година

 
 
  

СПОРЕД ИЗВЕШТАЈОТ НА „ДЕКРА“ ЗА КОРИСТЕНИ АВТОМОБИЛИ

 Со тоа „ауди“ петти пат по ред е најдобар во севкупниот пласман. Моделите „А1“, „А5“, „ТТ“ и „Кју 5“ се на врвот во соодветните сегменти.

Експертите на „Декра“ секоја година ја доделуваат титулата најдобар во сите класи за моделот што има најниска стапка на грешка минувајќи низ три километражни нивоа. Од 2008 година, откако се спроведува истражувањето на сите брендови, автомобилите „ауди“ се најсигурни и имаат најмалку недостатоци. Ова за „ауди А4“ е втора титула најдобар во сите класи, додека, пак, моделот „А6“ оваа титула ја добиваше од 2008 до 2010 година. Титулата го потврдува импресивниот долгорочен квалитет на автомобилите од брендот со четири прстени.

Како дел од извештајот за користени автомобили, кој претходно беше познат како извештај за грешки, организацијата „Декра“ ги тестира и испитува квалитетот и безбедноста на возилата. Вкупно се испитуваа 15 милиони автомобили поделени во осум различни категории, а за секој автомобил „Декра“ прави посебен профил со грешки во три километражни нивоа. Моделот што има најдобар просек во трите нивоа се прогласува за најдобар во сите класи.

„Ауди А1“ е на врвот во класата под 50.000 километри, а моделите „А5“, „ТТ“ и „Кју 5“ се на врвот во класата од 50.000 до 100.000 километри во соодветните сегменти.
 

 
   
 
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 42           
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski