Срушениот ѕид од Берлин сé уште ја блокира Македонија

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Ако резимираме, Европа за нас остана онаа старата, од 19 и 20 век, кога дискретно ја делеше Македонија, надевајќи се дека така дефинитивно ќе ја избрише од именикот на европските држави

 
 
  

Кога Германците на 9 ноември 1989 година плачеа од среќа врз урнатините на Берлинскиот ѕид, Македонците само ја насетуваа урнатината на СФРЈ, но не и новиот европски ѕид, кој и го изѕидаа бриселските извршители на европската геостратегиска историска стратегија. Така е и денес. Цели 20 години од овој историски настан, иако дупките во тој нов бриселски ѕид ќе станат видливи веќе од 1 јануари со безвизната либерализација.

Што Македонија загуби, а што доби со раѓањето на новата, како што ја викаат, обединета Европа? Ако резимираме, Европа за нас остана онаа старата, од 19 и 20 век ,кога ја делеше Македонија, кроејќи го и поддржувајќи го процесот на нејзино бришење од европскиот именик на држави. Европа и по Букурешкиот договор, а и по 1945 година, кога официјално признаениот победнички сојузник, Македонците, ги честеше со напалм-бомби во егејскиот дел поддржувајќи нов геноцид на територијата на нивната постара членка Грција, а подоцна и на територијата на нивната помлада членка Бугарија.


Македонија никако да ја препарираат во нова држава


Распадот на Југославија, кој веќе беше во тек, таа 1989 година, како и за многу други работи претходно, нé затекна неподготвени. СФРЈ, во која Македонија беше признаена по сите основи, се распадна во моментот на најголемиот дотогаш регистриран економски развој. Тогашната влада на Анте Марковиќ, чии методи подоцна се обидуваше да ги копира Бранко Црвенковски, го врза југословенскиот динар на 7 единици во однос на германската марка, а за возврат многу западноевропски држави црпеа суровини од СФРЈ колку што можеа.

Сепак, резултат на тоа беше високиот стандард, за година-две штедење можеше да се купи „голф“, додуша оној произведен во Сараево, ама квалитетен. Невработеноста беше 15 отсто од работоспособното население, визи немаше, а Грците со радост нé примаа кај нив одмор, додека грчката влада преку својот конзулат во Скопје секогаш и редовно без проблем нé викаше Социјалистичка Република Македонија. Грција не пропадна поради тоа. Ништо лошо не им се случи по нивната национална осознаеност. Напротив, живееја богато и од парите на нашите туристи и доаѓаа во Македонија за да купат квалитетни производи.

Самата споредба на тогаш и сега, неизоставно ја навира југоносталгијата, иако тоа не е намерата. Но беше намера на серија македонски политичари од тоа време - Киро Глигоров, Денко Малевски, Стојан Андов, Бранко Црвенковски, кои од петни жили се бореа за здивот на Југославија да не биде последен.

А Македонија, сепак, по девет века доби независност. Нé признаа под уставното име и Бугарија и Русија и Турција. Но три години по падот на Берлинскиот ѕид, следуваа канонадите на старо-новата Европа. Прво во 1992 година, Европската заедница ја изгласа Лисабонската декларација, со која бараше да го нема зборот Македонија во нашето име. Би било мошне интересно денес да се репризира снимката од седницата на Собранието, кога сите пратеници едногласно ја отфрлија Лисабонската декларација. Можеби за да се испере за глупоста кон Македонија, меѓу другите глупости што тогаш ги направи, ЕЗ ги испрати своите најдобри правници да утврдат кој од бивша СФРЈ заслужува признавање. На чело беше Роберт Бадентер, поранешен претседател на Уставниот суд на Франција. Неговата комисија утврди дека само Македонија и Словенија ги исполнуваат демократските услови за признавање. Резултатот од неговиот извештај беше - сите бивши југословенски републики добија признавање, дури и недефинираната Босна, освен Македонија. Во меѓувреме, Грција ни стави две ембарга, едно нафтено, а едно тотално, а Европејците бараа Македонија да ја блокира границата кон тогашна Србија, која беше под режимот на непослушниот Слободан Милошевиќ. Европа и САД ни најмалку не се потресуваа за грчката блокада, за грчките неевропски постапки, а ембаргото кон Србија за нас значеше пресекување на македонската економија, тогаш сé уште папочно поврзана со југословенската. Од Македонија се бараа итни реформи, воедно давејќи ја од сите страни. Американскиот дипломатски тенк Ричард Холбрук за два месеца нé натера да ја прифатиме референцата ФИРОМ, по што бевме признаени од Западна Европа и примени во ООН. Киро Глигоров упорно ја убедуваше нацијата дека е тоа привремено. Тогашниот претседател на Македонија преживеа и атентат. Кога од денешен аспект ќе се погледне, всушност треба да сме горди на тоа што сме постигнале досега - за разлика од Глигоров, Македонија преживеа не еден, туку десет атентати, плус војна во 2001 година и масовен наплив на 300.000 бегалци од Косово. И пак сме на нишан. За името.


Народот секогаш плаќа за се


Никој не ти може толку лошо колку ти самиот. Така и Македонија. Малку ни беа странските душовадници, па си произведовме сопствени. Заплената на старите девизни заштеди по пропаднатите југословенски банки само македонските граѓани ги чинеше околу една милијарда тогашни долари. Приватизацијата на македонските компании заврши со пет милијарди вреден имот пренесен во приватни џебови. ТАТ ги чинеше македонските штедачи 120 милиони германски марки. Државата загуби милијарди и милијарди долари преку државниот шверц со цигари и нафта.

Не само економски, Македонија трпеше и политички. Дома. Се водеа тајни преговори за името, понудени беа пари за флексибилност во преговорите со Грција. Така барем сведочи Глигоров во својата автобиографија за посветеноста во таа проблематика на Љубомир Фрчкоски.

За ова време невработеноста во државава се триплираше. Бројката од 350.000 работоспособни а невработени, со помали варијации, до денес е иста, а бруто-домашниот производ, ако тоа некому нешто значи, е сепак 500 американски долари повисок отколку оној од 1990 година. Невработени ќе имаше уште повеќе, ако за „пет пари“ владата на Љупчо Георгиевски не ги продадеше големите гиганти, како „Фени“, „Југохром“ и „Рафинерија“. Денес тоа се истите фирми со истата технологија, ама се успешни бидејќи се со европски газди.

Сепак, Македонија победува. Трите најмоќни држави на светот нé признаа под уставното име. Од 2005 година сме кандидат за членка, а конечно почнаа сериозни реформи во економијата. Македонија има моќен геостратегиски сојузник во САД, а од 1 јануари, а може и порано, и безвизен режим.
Ама маките никако да престанат. Уште многу берлински ѕидови се пред нас.

И покрај сé, некогаш мора и тие да паднат.






Македонија, Америка и Русија ќе бидат земји пролетерски

Југоносталгијата, поточно, желбата по поранешниот мирен и побогат живот, последниве 20 години е силна кај над 90 отсто од населението што еден период од животот го поминало во СФРЈ. Последното истражување за ова прашање, она на ИРИ од лани, сепак покажува намалување. На прашањето дали се живееше подобро пред распадот на Југославија, 71 отсто од испитаниците одговориле потврдно, а 18 негативно. Овој висок процент од 71 отсто, сепак, е најнизок откако се спроведуваат анкетите, зашто постојано се движеше над 90 отсто. Оваа година сигурно ќе биде уште помал, со оглед на безвизната либерализација.

Не, и за еден од најпознатите македонски југоносталгичари, лидерот на Титовите леви сили. Слободан Угриновски вака ги доживува Македонија и светот пред и по падот на Берлинскиот ѕид.

- Мислам дека е добро што падна Берлинскиот ѕид. Се стави крај на една поделба, но не е добро што се распадна СССР и што насилно беше уништена СФРЈ. Поранешната татковина беше разбиена од странски воено-разузнавачки структури. Не мислам дека социјализмот е мртов, доказ за тоа е Народна Република Кина. Тој е општествен систем на иднината. Имајте предвид дека беа потребни 400 години за премин од феудализам во капитализам, а социјализмот е роден пред нецели 100 години. Ова сега е само преодна фаза. Што доби Македонија? Според мене - ништо, само загуби. Порано ништо македонско не беше спорно. Како народ бевме само 10 отсто од населението на СФРЈ, а имавме сé, јазикот, националноста. Сега и едно М е спорно. Па зарем Југославија не беше една унија, исто како што е сега ЕУ? Споредете! Велат сме добиле независност, а каква? Имаме НАТО-трупи во Македонија, а владите ни ги прават европскиот и американскиот амбасадор. Да беше Тито жив немаше да дозволи да дојде до ваква катастрофа - вели Угриновски.

Носталгичар од пред Берлинскиот ѕид не е само Угриновски. Последното годинешно истражување на „Пен ресирч“, вашингтонска тинк-танк организација, која анкетирала во девет европски земји го покажува следново:

Дваесет години од падот на Берлинскиот ѕид голем број жители на транзициските земји сметаат дека до 1989 година живееле подобро од денес. Во Унгарија дури 72 отсто од граѓаните веруваат дека во комунизмот живееле подобро, како и 62 отсто жители во Украина и од Бугарија и по 48 во Словачка и во Литванија, кои го делат истото мислење. Истражувањето на вашингтонската организација покажува дека на Исток почетниот ентузијазам и воодушевување се заменети со разочарување и убедување дека бизнисмените и политичарите ги искористиле промените многу подобро од обичните граѓани. Од девет земји опфатени со истражувањето, најмалку носталгија кон комунистичките времиња покажуваат Полјаците, кои оваа криза најмалку ги погоди: само 35 отсто Полјаци сметаат дека денес живеат полошо од времето до 1989 година. Но тоа не значи дека мнозинството Полјаци мислат дека денес се живее подобро од пред 20 години: такви се 47 отсто. Во другите земји резултатот е уште полош. Во Хрватска лани ЕБРД објави дека 67 отсто Хрвати сметаат дека живеат полошо од пред 90-тите, а само 16,4 отсто од нив мислат дека денешната економска состојба е подобра од пред 1989 година. За овие 20 години во Хрватска бројот на вработените од 2 милиона падна на 1,5 милион, бројот на невработените двојно се зголеми, како и бројот на пензионерите, а пензиите од 78 отсто од просечната плата паднаа на 40 отсто. Колку економските услови влијаат на процената на задоволството за животот покажува податокот на објавеното истражување дека во 1991 година само 15 отсто од жителите на источна Германија биле задоволни од својот живот спрема 52 отсто западни Германци. Сега, во време на глобална рецесија, задоволни се 48 отсто западни и 43 отсто источни Германци.

Задоволството од сопствениот живот насекаде е пораснато: додека во 1991 година од животот биле задоволни 12 отсто Полјаци, сега се задоволни 44 отсто (35 отсто во Русија и по 15 отсто во најдепресивните источни земји, Бугарија и Унгарија). Стапката на задоволството зависи од тоа колку анкетираните ги перцепираат благодатите од капитализмот. Истражувањето на „Пен рисирч“ од 1991 година покажа дека тогаш немало големи разлики во ставовите на тие со високо образование и тие што биле без дипломи.




Петковски: Македонија воведе своја идеологија

Паѓањето на Берлинскиот ѕид, од политичко гледиште, за Македонија претставуваше почеток на една наша сопствена идеологија, како независна држава, во деведесеттите години на минатиот век, смета Тито Петковски, поранешен претседател на Собранието.

- Падот на Берлинскиот ѕид го означи почетокот на Македонија како самостојна и независна демократска држава. Симболиката на обединување на западниот и источниот крај на Европа, на Македонија и ги отвори вратите кон европските пријатели. Македонија, со распадот на Југославија, мораше да воведе своја идеологија на политичко уредување, со што ставивме на знаење дека се приклучуваме кон новата обединета Европа - вели Петковски.




Ачковска: Минливи историски процеси

 Падот на Берлинскиот ѕид симболично означи нова етапа во европската историја. Тоа беше почеток и на нова етапа во македонската историја. Се рушеше југословенската федерација во која Македонците беа конститутивен народ, во која имаа државност со ограничен суверенитет и во која со децении беше пренасочуван македонскиот национален идентитет кон интегралното југословенство - смета професорката Виолета Ачковска од Филозофскиот факултет.

- Македонија по падот на Берлинскиот ѕид доби целосна независност. Граѓаните добија право на избор на различни опции. Се симнаа табу-темите во македонската историографија, се рехабилитираа голем број жртви на репресијата, повторно на повидок е индивидуализмот, за кој треба и понатаму да се бориме и да ги надминуваме рецидивите на партиската, племенската или друга свест. Ова се минливи историски процеси. Треба да се издржи. Да си поставиме национални приоритети и бескомпромисно да ги браниме. Шест децении по Втората светска војна, навидум сé изгледа посмирено. Жртвите конечно го добија своето христијанско успокојување пред вечноста, но со тоа не може да биде смирено и нашето истражувачко неспокојство. Што всушност се случи на 15 јануари 1945 година и зошто? Во какви политички околности и во каква историска ситуација настана чинот на егзекуцијата во Велешко? Дали се работеше за судир на идеолошки неистомисленици, воени противници или за психолошки момент на докажување пред повисоките инстанци, за страв дека македонското прашање ќе излезе од југословенското корито и ќе мора да се решава како балканско (спротивно на интересите на големите сојузници, особено на британските) - вели Ачковска.



 БДП на Македонија по жител
 година  долари  пораст/пад(%)
 
 1990  2.235  -
 1991  2.083  -6,2
 1992  1.937  -6,6
 1993  1.785  -7,5
 1994  1.742
 -1,8
 1995  1.705  -1,1
 1996  1.709  +1,2
 1997  1.732
 +1,4
 1998  1.781  +3,4
 1999  1.846  +4,3
 2000  1.924
 +4,5
 2001  1.830  -4,5
 2002  1.839  +0,9
 2003  2.032  +2,8
 2004  2.114  +4,1
 2005  2.226  +4,1
 2006  2.398  +4,0
 2007  2.646  +5,9
 2008  2.980  +4,8

 Стапки на вработеност, невработеност и стапки на активност според полот
 Година  1996
 1997
 1998
 1999
 2000  2001  2002  2003  2004 2005
 2006  2007 2008
 Стапка на вработеност
 Вкупно  37,4  34,4  35,9  35,9  35,8  38,6  35,8  34,5  32,8  33,9  35,7  36,2  37,3
 Мажи  47,5  44,6
 45,4  44,6  44,7  46,3
 43,5  41,3
 40,2  41,2  43,7  44,1  45,7
 Жени  27,4  24,4  26,3  27,2  27,1  30,9  28,1  27,7  25,4  26,6  27,6  28,4  28,8
 Стапка на невработеност
 Вкупно  31,9  36  34,5  32,4  32,2  30,5  31,9  36,7  37,2  37,3  35,9  34,9  33,8
 Мажи  29,1  33,0  32,5  31,9  30,5  29,5  31,7  37,0  36,7  36,5  35,1
 34,5  33,5
 Жени  36,2  40,8  37,6
 33,3
 34,9  32,0  32,3
 36,3  37,8  38,4  37,2  35,5  34,2
 Стапка на активност
 Вкупно  54,9  53,7  54,8  53,1  52,9  55,5  52,6  54,5  52,2  54,1  55,7  55,7  56,3
 Мажи
 67,0
 66,5  67,4  65,5  64,4  65,6  63,7  65,6  63,5  64,9  67,5  67,3  68,8
 Жени  42,9
 41,2  42,2  40,8  41,7  45,5  41,5  43,4  40,9  43,2  44,0  44,1  43,8
 Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1996-2008)
 
   
Автор: Александар Божиновски; Емил Десподов   Фотографија: Роберт Атанасовски; Игор Бансколиев
 
   
Веста е прочитана:           Оценка:
1 2 3 4 5
 
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
...EDI KOJ SI MAKEDONEC...
Milane vo pravo si brat.Ama vo spisokot go zaboravi i Zoran Amnestiran Zaev,kako naslednik na navedebata banda,kako i Lubco Bugarinov Georgievski,obace...
 
dedodimo
Najgolem problem za Makedonija e prifakanjeto na (takanarechenata lazna) pridavkaza imeto ,Toa prifakanje e drzit makedonija ,kako konj sopnat ,i zatoa ne mozime da napreduvame .Tie luge shto prifatija da zboruvaat za imeto na nashata zemja i se potpisaa bez odobrenje na narodot treba da se osudtna smrt ( kako predavnisi na Drzavatai Makedonskiot narod .Drugo vo makedonija i den deneshemKrimikalot i korupcijata CVETAATsve se raboti preku vrski.Treto e imame dosta diplomi na luge bez znaenje preku vrski a dene se pak preku vrski na vodechki pozicii .Sve toa duri ne se iskoreni Makedonija ke bidi vaka ili so mal NAPREDOk.
 
Alois
PRASHAJTE KOMUNISTIVE STO SE SLUCHI NA 07 /01/1945 PO PATOT OHRID ZA PRESPA g. ACHKOVSKA , SO 7000 CHOVECI...............
 
GARI
POS KOMUNISTICKITE GENERACII I NE ZNAAT DRUGO NISTO DA KAZAT OSVEN KIRO ,BRANKO ,STOJAN ,FRCKO I TD. TOLKU MU SE ISPRANI MOZOCITE DA KOGA GI CITAM NIVNITE SABLONI SI MISLAM NISTO INTELKYUALNO 20 G . NISTO NE NAPREDNAA ... NEMAM VOLJA NI DA POLEMIZIRAM SO VAKVI KVAZI INTELEKTUALCI . SILNITE KOMITI I DEJCI PATRIOTI KOJ MNOGUPATI JA SPSUVAA MAKEDONIJA EVE I SEGA GORDO STOJAT VO PVITE REDOVI KAKO I VO 1003 G. ISTO GORDO JA BRANEJA MAKEDONIJA 1912 G.DO 1914G. POSLE VO 1918G.NAPRAVIJA NEVIDEN PRESVERT VO KORIST NA MAKEDONIJA A PAK ZA 1940 DO 1945G NEMAM ZBOROVI ZA NIVNITE ZALOZBI I ZRTVI STO GI DADOA ZA DOPRINOSOT ZA FORMIRANJE NA MAKEDONIJA ..SEKOJA CEST STVARNO SE SOVRSENSTVO ZATA DRUGITE NARODI OD NAS MOZAT DA UCAT KAKO SE BRANI DRZAVA A PAK ZA POSLE 1990G DO DENES KOGA DOJDOA NA VLAST STVARO ZNACI VO NAJKLUCNI MIGOVI BEZ NIVNIUTE MUDRI POTEZI MAKEDONIJA NEMASE DA POSTOI . NIVNITE KADRI SE BARANI SEKADE PO SVETOT KAKO EKSPERTI ZA DA IM DAVAAT SOVETI ...MNOGU SUM GORD STO IMAM VAKVI POLITICARI...
 
Musso
Солидно срочено и презенирано!
 
ИГОР
Математиката што ја направи Petar, е точна, ама мислам дека овде доларот се користи само како референтна вредност, односно константа. Мислам дека неговата вредност не се зема во предвит. Тие суми реално не може да се претворат во пари. Инаку, за транзицискиот период сите сме сложни дека ја уназади Македонија за неколку децении. Наместо да грабиме напред, кај нас се пустошеше од сите страни. Никола, Ср. (коментарот подолу) убаво кажа дека никој од надвор не ни ги наметна „душовадниците“. Самите си ги избравме. Но, кој ни беше изборот? На другата страна беше тинејџерот Љубчо Георгиевски. Нормално дека „старите волци“ Петковски, Андов, Глигоров, Црвенковски (овој преку својата искусна лоби група) и останатите, лесно успеваа да ја држат власта. Помина тоа време, резултатите уште ги плаќаме. Време е за нови генерации на македонската сцена.
 
Milan
Sto ocekuvate poveke koga kaj tie sto treba da ja barate vinata vie gi branite. Kiro Slovenski Gligorov,Branko Oktopotski Crvenkovski,Ljubomir Kirijakis Frckovski,i drugi sto gi znaete vie novinarite. Koga nekoj ke te nauci deka ti tolku lesno mozes da bides ubeden ili nateran bez da se branis da si smenis ZNAME,DEKA SME SLOVENI OD 6 VEK,I NEDAJ BOZE SEGA IME PA JAZIK,PA NACIJA sto sakate da ve cenat nadvor!ABE TREBA DA SE POGLEDNETE SABAJLE KOGA KE STANETE OD SPIENJE I DA RECETE VO GLAS -JAS SUM MAKEDONEC.I posle da odete na rabota.Samo taka ke dojde kaj nas i Berluskoni,i Merkel,i Papata i site.Znaete sto sakam da kazam. Vaka znaes kako veli narodot-Raduvaj se k... na pijana zena. STOP ZA PREGOVORITE ZA IMETO,NA TOA RABOTETE AKO SAKATE NAPREDOK VAKA SAMO KE BIDEME ZAMORCINJA KAKO I DO SEGA. Prasajte se sto dobivte do sega sto gi slusavte site evropejci za se sto tie mislat deka taka treba?Nisto ne dobivme,dobivme samo pogolemi problemi.
 
Petar
Ја гледам табелата „БДП на Македонија по жител“; бидејки реалната вредност на доларот во 1990 беше 2,5 пати повисока од онаа во 2008 (споредувано со марката и подоцна со еврото) излегува дека еден денешен долар е еднаков на 40 тогашни центи или во 2008 БДП е 2980x0,4=1.192 тогашни долари.Тоа значи дека во 2008 год. БДП е 0,599 во однос на 1990 год. Ако се земе во предвид и дека споредбените валути (марката и еврото) во меѓувреме имаа високи инфлаторни движења, излегува дека БДП е уште понизок од пресметаниот 0,599. Инаку ,со останалиот дел од текстот потпоно се слагам
 
Никола,Ср.
Да беше падот на Берлинскиот ѕид, проследен со пад на последните комунистички диносауруси во Македонија, земјава далеку побезболно ќе го поминуваше транзицискиот период. Ако надворешните душовадници ни се запишани во ѕвездите, за домашните сме си и самите виновни. И Глигоров, и Андов, и Црвенковски, никој од надвор не ни ги наметна, самите си ги крунисавме и тоа во моменти кога знаевме дека ветувањето за ФИРОМ не подолго од два месеци е перверзна лага на стариот бесрамник, а падот на БДП од 7,5% стана недостижен рекорд, со кој ќе си се гордее Свети Бранко Спасителот! За жал и ден денес тие и таквите персони се некаков релевантен политички фактор во Македонија, клонирајќи свој подмладок на кој интересите на земјава им се некаде далеку зад партискиот и личен интерес.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski