Електронски дневник во прилепско училиште

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Е-дневникот како проект што е единствен во земјава го изработија наставникот Влатко Бутлески и Васил Зидровски, поранешен ученик во училиштето, сега студент на техничка информатика во Битола, и Валентин Амбароски, кој беше задолжен за дизајнот

 
 
  
Електронски дневник е единствениот проект во Македонија што од пред извесен период функционира во средното училиште „Ристе Ристески-Ричко“ во Прилеп. Преку е–дневникот првпат родителите имаат можност постојано да ги следат оценките на своите деца во текот на учебната година. Разработката на проектот е во целост на наставникот по стручни предмети од електротехничка струка Влатко Бутлески и ученици од училиштето.

- Родителите во секој момент со е-дневникот можат да ги проверат и да ги видат оценките од децата и изостаноците. Обезбеден е висок степен на заштита. Само со соодветна лозинка, која е единствена за секој ученик, родителите доаѓаат до податоците. Нема можности друг да изврши проверка. Е-дневникот како проект, кој е единствен досега во Македонија и дава одлични резултати, заедно со мене го изработија Васил Зидровски, поранешен ученик во училиштето сега студент на техничка информатика во Битола, и Валентин Амбароски, кој беше задолжен за дизајнот. Даниел Даскалоски ни помогна да се одржува хостингот додека трае проектот. Освен што имаат корист родителите, имаат и администраторите, педагогот, директорот, сметководителот, кои имаат преглед до различни податоци што се користат за анализи - вели Бутлески, објаснувајќи го проектот.

Задоволни се учениците што велат дека на овој начин знаат какви резултати постигнуваат. Особено голема поддршка за проектот дадоа дел родители, кои велат дека на овој начин не мора да одат на училиште да се распрашуваат за образованието на нивните деца, туку со впишување на лозинката податоците им се директно на увид на компјутер.

- Браво за иницијаторите. Одлична им е идејата. Само нека продолжат така. Далеку ќе стигнат. Не само учениците и професорите. Задоволни сме што децата на компјутер работат нешто друго освен што комуницираат и играат. Имаат добри постигнувања - вели родител на ученик, кој имал можност да го посети е-дневникот.

Паралелно со овој проект функционираат и „форум.е-училиште“ и „е-училиште“. Преку „е-училиште“ работено во една програма - скрипта, може да се изведува екстерно оценување, по која работат и универзитетите ФОН и Европскиот. Преку „форум.е- училиште“ се доаѓа до размена на мислења и дискусии за одделни предмети од сите струки.

- Проектите се со цел да го направиме училиштето подобро место за учење. На моите часови учениците имаат главна улога во наставата, тие сами ја креираат, го определуваат обемот на содржините што треба да се учат, се разработуваат различни прашања врз основа на кои се врши проверка на наученото и конечно оценката зависи само од нив и од она што тие го постигнале. Она што е оригинално за „е-училиште“ е системот на работа. На овој начин се постигнуваат подобри резултати во учењето, учениците се помотивирани и задоволни од добиените оценки - вели Бутлески.

Целта на форумот е да прерасне во форум за сите средни прилепски училишта, а понатаму и во Македонија.
 
   
Автор: Ка.М.  
 
   
Веста е прочитана: 137          Оценка: 5  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Петре Ѓорѓиоски
Голема пофалба за активностите на колегата Бутлески и неговата екипа заедно со учениците од „Ристе Ристески-Ричко“ од Прилеп
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski