|
|
Стравот од девалвација ги олесни штедачите |
|
||||||||||||||||||
Уплашени од ненадејна девалвација, граѓаните и фирмите штедат во девизи и добиваат двојно пониски камати отколку што би добиле за штедни влогови во денари. Станува збор за повеќе милиони евра камати, кои наместо добивка за граѓаните и за фирмите, станаа лесен профит за македонските банки |
|||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||
| Дали денарот е зрел за девалвација? Наскоро ќе има девалвација на денарот! Потребна ли е девалвација на денарот? Овие прашања и шпекулативни најави, кои подолг период тлеат и повремено се пласираат во јавноста, очигледно ги уплашија македонските претприемачи и граѓани и ги натераа да штедат во девизи наместо во денари. Без да се навлегува во прашањето дали е потребна девалвација на денарот или не, факт е дека трендот на штедење во девизи кој непрекинато трае веќе една година покрај намалувањето на девизните резерви предизвика и драстични загуби кај штедачите. Имено, стравот ги натера да штедат во девизи и да добиваат двојно пониски камати отколку што би добиле за штедни влогови во денари. Станува збор за повеќе милиони евра камати кои наместо добивка за граѓаните и фирмите станаа лесен профит за македонските банки. Така, за штеден влог од 10.000 евра орочен на 12 месеци во една од најголемите македонски банки се добива годишна камата од 4,6 отсто или околу 460 евра. За штеден влог од 600.000 денари орочен на 12 месеци во истата банка се добива камата од 946 евра. Разликата во износот на исплатена камата е повеќе од два пати поголема кај денарските депозити. Анализата на вкупните депозити (штедни влогови) на македонските граѓани и правни лица од август 2008 година, до август годинава покажува дека постои постојан тренд на зголемување на девизните штедни влогови на сметка на штедењето во денари. Во август 2008 година вкупните депозити кај македонските банки и штедилници изнесувале околу 2,874 милиони евра. Од нив 1,548 милиони евра биле денарски депозити, а 1,326 милиони евра биле депозити во странска валута. Една година подоцна оваа состојба целосно се сменила. Во август годинава кај банките и штедилниците имало вкупно 2,888 милиони евра штедни влогови од кои 1,308 милиони евра биле денарски депозити, а 1,580 биле девизни депозити. Очигледно е дека стравот од загубите што би можеле да бидат предизвикани со ненадејна девалвација на денарот преовладал и покрај постојаните пораки од Народната банка и од Владата дека курсот на денарот ќе се брани по секоја цена. Поради различните каматни стапки, месечните промени на стапката на штедни и на девизни влогови и различните периоди на орочување е тешко да се направи процена колку точно пари изгубиле фирмите и граѓаните поради штедење во девизи. Меѓутоа, грубите пресметки покажуваат дека во период од една година по оваа основа неколку милиони евра станале лесна заработка за македонските банки. |
|||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: Оценка: | |||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||